00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Стрес и управување со стрес

Стрес и управување со стрес

Цената е со вклучен ДДВ
5.192 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Стрес и управување со стрес
    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување вештини за справање со стрес и управување со стресни ситуации, преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да препознаат симптоми на стрес, како и симптоми на прегорување кај себе и кај други; да ги идентификуваат причинителите за стрес; да употребат техники за избегнување и/или справање со стрес и стресни ситуации; да постават и применат стратегии за справување со стрес, како во работната средина, така и на лично поле, и друго.

    Опфат – теми

    Што е притисок?
    Што е стрес?
    Хиерархија на вештини на управување со сопствениот живот
    Индикатори на стрес
    Организациски стресови
    Лични стресови
    Поврзаност меѓу изведба и ниво на стрес
    Клучни фактори во стресот
    Причинители на стрес
    Тип на личност
    Симптоми на стрес
    Когнитивни, емоционални, физички, бихевиорални симптоми
    Што е прегореност?
    Симптоми на прегореност
    Начини за справување со стрес и стресни ситуации
    Стратегии за справување со стрес
    ПЕРМА-модел
    Организациски и персонални стратегии
    Совети за избегнување и справување со стрес
    Техники на релаксација
    Целна група

    Оваа обука е наменета за секој којшто сака да се научи да применува техники и алатки за избегнување и/или справување со стрес и стресни ситуации.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа, во период од 1 недела.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Обука, Тренинг, Training, Workshop
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Управување со тешки ситуации

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Справување со тешки клиенти

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Иновативност и креативност (надвор ...

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Комуникациски вештини

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Вештини на преговарање

    Цена со ДДВ:10.502 ден.

    Грижа за клиенти




    023246041

    корисничка поддршка