00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Грижа за клиенти

Грижа за клиенти

Цената е со вклучен ДДВ
10.502 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Грижа за клиенти
    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините на грижа за клиенти преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да идентификуваат и да утврдуваат потреби на клиентите; да употребуваат техники за градење однос со клиентите; да се прилагодуваат на поинакви стилови на однесување; да се справат со тешки клиенти и со стресни ситуации; да идентификуваат проблем и да изнајдат решение; да проследуваат поплаки, сугестии и пофалби од клиентите и друго.

    Опфат – теми

    Дефинирање профил на клиентите
    Што е грижа за клиенти?
    Од добра до одлична грижа за клиенти
    Утврдување на потребите на клиентите
    Дефинирање цели и очекувани резултати
    Учесници во процесот
    Внатрешни и надворешни клиенти
    Комуникациски вештини со употреба на НЛП-техники
    Проценка на потребите на клиентите
    Очекувања и перцепција на клиентите
    Задоволување на потребите на клиентите
    Градење доверба
    Градење однос со клиентите
    Прилагодување кон поинакви стилови на однесување
    Лојални клиенти
    Привлекување лојални клиенти
    Справање со тешки клиенти
    Справање со тешки ситуации со клиенти
    Справање со стрес и стресни ситуации
    Идентификување проблем и изнаоѓање решение
    Поплаки, пофалби и сугестии од клиентите – техники и начини на проследување
    Методи, техники и алатки за грижа за клиенти
    Процес на постојано подобрување
    Целна група

    Оваа обука е наменета за вработени кои се, или ќе бидат во директен контакт со клиенти, како и сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на грижа за клиенти.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.
    По завршување на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Грижа за клиенти, Customer Care
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Справување со тешки клиенти

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Управување со тешки ситуации

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Тим и градење тимови

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Стрес и управување со стрес

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Комуникациски вештини

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Управување со тимови со високи перф ...




    023246041

    корисничка поддршка