Политика на приватност
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА MARKETKONEKT ВЕБ-САЈТОТ ('Политика')
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: MarketKonekt) постапувајќи во својство на Контролор во целост ја почитува приватноста на своите корисници и затоа преку оваа политика за приватност ги информира за начинот и целите заради кои се собираат, како ги користиме, обработуваме, откриваме и чуваме личните податоци кои секој Корисник ги дава слободно за време на користење на услугата.
Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Корисникот е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за користење и заштита на информациите. (во понатамошниот текст "Политика").
Собирањето и обработката на личните податоци се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во секое време можете да стапите во контакт со zk.mk во врска со начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци. Вашите прашања можете да ги доставите до:
Овластено лице за заштита на податоци:
Анжела Митреска Христова
Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ
Партизански Одреди 42/2
1000 Скопје
Тел. број: 071382188
E-Mail: anzelah@zk.mk
Назив и адреса на одговорниот орган
Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ
Партизански Одреди 42/2
1000 Скопје
Кои информации ги прибираме, како и за кои цели го правиме тоа:
Вашите лични податоци ги добиваме директно од Вас преку регистрација во веб страницата и прифаќање на условите за корситење на истата.
Ние секогаш ги обработуваме Вашите лични податоци за одредена цел, при што задолжителни се само податоците кои се неопходни за креирање на корсинички профил. Сите други податоци се собираат во доброволна основа од самиот субјект на личните податоци.
Обработката на вашите лични податоци се врши за:
• За статистички потреби и оптимизирање на услугите што ги обезбедуваме,
• За управување со нашите информатички ресурси, вклучително и управување со инфраструктурата и обезебдување на деловен континуитет и да и оптимизираме и следиме нашите активности,
• За да ви овозможиме пристап до нашите услуги,
• За да ви испраќаме анкети и други соодветни форми за пополнување
• За директен маркетинг, ако сте дале согласност
Кои лични податоци ги обработуваме за вас?
Кориснички информации
Личните податоци кои корисникот може да ги внесе во формата за регистрација се:
• имиња,
• локација,
• адреса на е-пошта и
• телефон за контакт,
кои Корисникот доброволно ги внел или се предвидени како неопходни податоци при користење на Услугите на MarketKonekt веб-сајтот (достапни преку MarketKonekt.com).
Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот при прифаќање на условите за креирање на корисничка сметка, MarketKonekt јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето истите да бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваат согласно предвиденото во нив.
Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни за доставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на MarketKonekt веб-сајтот се неопходни за регистрација на Корисникот, а според тоа и за пристап до Корисничките услуги за кои е потребна регистрација. Не доставувањето на овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основа за прекин на соодветната регистрација, еднострано од страна на MarketKonekt, согласно Условите за користење.
Покрај погоре наведените информации, MarketKonekt преку користење на колачиња, веб-бикони и слични технологии може да собира и дополнителни информации поврзани со посетата на Корисникот секогаш кога ја посетува веб страната. Овие Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на MarketKonekt и може да опфаќаат информации за веб-страници на MarketKonekt веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на MarketKonekt веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку Линкови кое се презентирани на MarketKonekt веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на MarketKonekt директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на MarketKonekt веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на MarketKonekt веб-сајтот, итн.Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата "Поставки на колачиња" која се појавува како Pop Up кога го посетувате www.marketkonekt.com. За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.
Јавно достапни содржини. Кориснички содржини
Корисничката содржина (која содржи или не содржи лични податоци), а која Регистрираниот корисник ја објавува на веб-сајтот, како и сите информации кои тој ги доставува при користење на Услугите (како што се имињата, локација, e-пошта, телефонски броеви, датум на раѓање, информации за профили во социјални мрежи, итн), се јавно достапни на MarketKonekt веб-сајтот и Корисникот се согласува со нивно откривање, едноставно со нивното објавување на MarketKonekt веб-сајтот.
Заради избегнување сомнеж, MarketKonekt нема никаква цел да прибира, користи, чува или на друг начин да обработува лични или било кој друг вид информации кои се предмет на посебна заштита во согласност со постоечката законска регулатива, преку корисничките содржини што Регистрираниот корисник ги испратил на MarketKonekt веб-сајтот, ниту пак да го следи постоењето на такви информации во нејзини рамки. Испраќањето корисничките содржини или какви било лични податоци или други информации кои таа ги содржи, на овој или било кој друг начин, кога Корисникот ги користи Услугите, е во целост на негов сопствен ризик и одговорност. Со прифаќањето на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот изјавува дека тој/таа е информиран, ги прифаќа истите и се согласува дека сите информации (вклучувајќи и личните податоци) кои се дел од Корисничките содржини, објавени од негова/нејзина страна или од неговата/нејзината Корисничка сметка ќе бидат јавно достапни до секој Корисник на MarketKonekt веб-сајтот, како и до трети лица на кои MarketKonekt им обезбедува пристап до оваа Корисничка содржина или други информации, во согласност со предвиденото во Условите за користење и оваа Политика. Исто така, Корисникот изјавува и гарантира дека при објавување на Корисничка содржина или било која друга информација, тој/таа не ги повредува правата на трета лица во врска со нивните лични податоци или други лични права, вклучително и дека тој/таа веќе има добиено согласност за објавувањето (до мера која е потребна според постоечката законска регулатива).
MarketKonekt ги прибира и ги користи информациите од став 1.1 за целите кои се наведени во Условите за користење и оваа Политика, како што се обезбедување на услуги, обезбедување пристап и контрола на неговата/нејзината Корисничка сметка, исполнување на неговите обврски во согласност со закон, остварување и заштита на неговите/нејзините законски заштитени права и правни интереси, понуда на стоки и/или нови услуги понудени од трети лица, промоции, барање за организирање, анкети и испитувања за статистички цели.
Услуги поврзани со трети страни
MarketKonekt може да им овозможи на трети страни, како Facebook, Inc, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини од производи и фирми на MarketKonekt веб-сајтот. Таквите содржини не смеат да содржат лични податоци и се ограничени само на информации за правни лица.
Покрај тоа, по своја воља, Корисникот, на MarketKonekt веб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример) информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информации за поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листи на контакти). Оваа политика не се применува за информации за Корисникот и неговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови. Собирањето, складирањето, заштитата и обработката на тие информации е предмет на условите на тие - други веб-сајтови. Доколку Корисникот не сака неговите/нејзините пријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни на другите веб-сајтови да бидат достапни на MarketKonekt веб-сајтот, тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност на неговата/нејзината сметка на другите веб-сајтови.
Со кого ги споделуваме вашите информации?
Јавна содржина
MarketKonekt има право на MarketKonekt веб-сајтот да дистрибуира и доставува јавно достапни содржини, вклучувајќи ги сите Кориснички содржини на лица кои се поврзани на MarketKonekt, неговите деловни партнери и сите други трети лица, а Корисниците разбираат и се согласуваат дека тие трети лица можат да ја објават Корисничката содржина на нивните веб-сајтови или медиумски платформи. Тие треба да го посочат Корисникот како извор на таа Корисничка содржина и на нивната сметка да прикажат и наведат јавно-достапни информации, како што се имиња и фотографии.
Лица кои ги обработуваат податоците во име на MarketKonekt (Обработувачи)
Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на MarketKonekt веб-сајтот и информациите да се обработуваат заради статистики и маркетинг цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на MarketKonekt веб-сајтот, кога се прават плаќања и се користат други услуги поврзани со MarketKonekt веб-сајтот, личните податоци и другите информации за Корисникот може да им се откријат и да се обработуваат од трети лица на кои MarketKonekt им ја доделил изведбата на одредени услуги поврзани со MarketKonekt веб-сајтот. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и обем, кој е неопходен за да се изврши доделената работа. Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како обработувачи во име на MarketKonekt. Обработувачите работат исклучиво врз основа на дадените упатсва на контролрот и се запознаени дека податоците се предмет на Законот за заштита на лични податоци. Дополнително, контролорот склучува договор со сите обработувачи, во кои се предвидени и правата и обврските кои произлегуваат од законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.
Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено согласно строгите инструкции на MarketKonekt и ќе немаат право личните податоци на Корисниците да ги користат или обработуваат на кој било друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Условите за користење и оваа Политика.
Откривање и пренос на личните податоци
MarketKonekt се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица - надлежни органи, компании, поединци и други, освен:
- кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;
- кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на MarketKonekt;
- кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви информации во согласност со законските процедури и прописи;
- кога откривањето на личните податоци од страна MarketKonekt е неопходно заради заштита на правата, правните интереси и угледот на MarketKonekt, т.е кога тоа е поврзано со лицата од MarketKonekt или Корисниците;
- кога информациите им се откриваат на вработените или соработниците на MarketKonekt заради активности поврзани со администрирање на MarketKonekt и користење на Услугите;
- во други случаи утврдени со закон;
Податоците на веб страницата се хостирани на севери на Амазон во Луксембург (Европска Унија). Во согласност со законот ова се смета за пренос на личните податоци во земјите на Европската Унија/ ЕЕП. Со оваа политика Ве известуваме дека податоците кои ги внесувате во нашата веб страница се пренесуваат во Луксембург, земја членка на Европската Унија. Пристап до податоците имаа исклучиво контролорот, односно овластените лица кај контролорот.
Како ги чуваме сигурни вашите информации?
Политика за лица под 14 години
MarketKonekt веб-сајтот не е наменет за лица под 14 години и таквата употреба е забранета. Со користење на MarketKonekt веб-сајтот изјавувате дека сте лице со наполнети 14 години за да може да креирате профил и ги користите услугите на сајтот. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 14 години.
Колку време ги чуваме вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои ги внесувате при регистрација се чуваат до моментот кога го деактивирате вашиот профил или кога ќе поднесете барање за бришење на податоците. Во секој случај marketkonekt.mk ги обработува вашите лични податоци во согласност со начелото за ограничување на рокот за чување, не подолго од потребниот период за исполнување на целите на собирање на податоците.
Сигурност на податоци
MarketKonekt обраќа големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, MarketKonekt ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Анжела Митреска Христова на следниов e-mail: anzelah@zk.mk
Доколку сметате дека некое ваше право е повредено при обработката на вашите лични податоци можете да се обратите до надлежниот орган за заштита на личните подати во нашата земја, преку доставување на барање за утврдување на правото за заштита на личните податоци линк: https://dzlp.mk/node/3274 .
Надлежен орган:
Агенција за заштита на личните податоци
Бул.„Гоце Делчев“ бр.18
Скопје
Е-маил: info@privacy.mk
Последно променето на: 06.09.2021