ЧПП
- Која е целта на MarketKonekt.com?
- Веб сајт на кој фирмите ќе можат да ги изложат своите производи и со тоа да бидат присутни на едно централно онлајн место каде ќе се појавуваат сите производи кои можат да се најдат на македонскиот пазар. Кога одреден корисник ќе се заинтересира за конкретен производ ќе може преку оваа платформа да ја исконтактира фирмата што го нуди тој производ или пак да види каде (локација) може да се купи производот.
- Веб сајт на кој фирмите, но и потрошувачите ќе можат да поставуваат барања за понуда на произвоиди и услуги во одредена категорија, кои ќе се испраќаат кон фирми кои би можеле да понудат таков производ или услуга.
- Веб сајт на кој потрошувачите ќе можат да пребаруваат производи, да ги гледаат нивните спецификации, каде може да се набават тие производи и да комуницираат со фирмите кои ги нудат производите.
- Што се случува ако цената на производот се менува, односно немаме фиксна цена?
- Во тој случај цената не мора да биде внесена, цената може да се каже во моментот на комуникација со клиентот.
- Што се случува ако достапноста на производот се менува?
- Во тој случај достапноста не мора да биде внесена, достапноста може да се каже во моментот на комуникација со клиентот.
- Како можам да пронајдам производ на овој веб сајт?
- Преку пребарување со клучен збор, или пак преку кликање на одредена категорија каде можат да се видат сите производи во таа категорија.
- Дали еден производ може да стои во повеќе од една категорија?
- Може, најмногу во 3 категории.
- Кој се може да се зачлени на овој веб сајт?
- Пред се фирми кои нудат производи или услуги, но и професионалци. Можат да се зачленат и физички лица со цел да можат да комуницираат со фирмите продавачи и многу други функционалности.
- Може ли да се контактира продавачот преку самиот сајт?
- Може, самиот сајт има систем за пораки и chat преку кој може да се оствари контакт и да се добие повратен одговор од добавувачот.
- Како може да ги обележам производите што ми се допаѓаат?
- Опцијата за следење на производот го овозможува ова. Може да составите сопствена листа на производи кои ги следите, со едноставно кликање на Следи го овој производ.
- Како можам да споредам производи?
- Кликнете ја иконата со вага над сликата на производот. Одберете втор производ кој сакате да го споредите. Кликнете на неговата икона со вага. Десно горе под табот продавачи, а под ПРОФИЛ ќе ви се појават производите кои ги додадовте за споредба. Кликнете на СПОРЕДИ ПРОИЗВОДИ и споредете.
- Дали на страната можам да закачам производ што би сакал да го купам?
- Да, со поставување на барање за понуда. Оваа опција е достапна и за потрошувачи и за компании.
- Не можам да ја најдам категоријата во која се наоѓа мојот производ!
- Контактирајте не со предлог за името на категоријата и ќе ја додадеме.