00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Комуникациски вештини

Комуникациски вештини

Цената е со вклучен ДДВ
5.192 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Комуникациски вештини
    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување и подобрување на комуникациските вештини преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки со кои ќе ги надминат полињата на недоразбирање – бариерите при комуникацијата; да употребуваат техники на слушање и поставување прашања; да применуваат начини на кажување НЕ; да употребуваат асертивна комуникација на работното место, како и во приватниот живот; и да препознаат непродуктивни стилови на комуникација од самите себе и од другите, а и да применуваат алатки и техники за надминување на можни бариери, со цел ефективна и непречена комуникација и друго.

    Опфат – теми

    Што е комуникација – дефинирање на комуникацијата
    Видови комуникација
    Интерперсонална комуникација
    Комуникациски циклус
    НЛП-комуникациски модел и примена
    Филтри при комуникација
    Полиња на недоразбирање – бариери во комуникацијата
    Совладување и надминување на бариерите во комуникацијата
    Што е вешт комуникатор?
    Поставување прашања
    Вештини на слушање
    Градење однос (Rapport)
    Вербална и невербална комуникација
    Говор на телото и гестикулации
    Петте комуникациски стила
    Асертивна комуникација
    Начини како да се каже НЕ
    Фидбек (двонасочна повратна информација) – начини и потреба
    Подобрување на комуникациските вештини
    Друго
    Целна група

    Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа, во период од 1 недела.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Комуникациски, вештини, communication skills
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Застапување интереси (Advocacy)

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Управување со тимови со високи перф ...

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Презентациски вештини

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Тим и градење тимови

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Менаџирање со работна сила од далеч ...

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Управување со тешки ситуации




    023246041

    корисничка поддршка