00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Иновативност и креативност (надвор од рамката)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Иновативност и креативност („надвор од рамката“)
    Зошто ни е потребно да ја поттикнеме креативноста во себе? Зошто иновација?

    За да ги следиме светските трендови или за да го разбудиме десниот дел од мозокот за уникатни идеи, решенија и стратегии за успех во нашиот професионален и личен живот?

    Во последниве децении, иновативноста и креативноста станаа клучни вештини за постигнување успех во развиените економии. Потребата за креативно решавање проблеми се појави бидејќи сѐ повеќе прашања во секојдневното менаџирање и управување бараат креативни сознанија за да се најдат соодветни решенија.

    Креативноста оди рака под рака со иновациите. И нема иновации без креативност. Додека креативноста е можност за нови уникатни идеи, иновацијата е спроведување на таа креативност – таа претставува воведување на нова идеа, решение, процес или производ. Креативноста е движечка сила зад иновациите.

    Очекувани резултати

    На крајот од обуката, слушателите:

    Ќе знаат да поттикнат креативен и иновативен процес на размислување кај себе и кај другите
    Ќе се стекнат со способност да излезат „надвор рамката“ преку употреба на техники и алатки
    Ќе умеат практично да применат креативно и иновативно размислување заради постигнување цели и развивање лични и деловни стратегии
    Ќе умеат да користат креативно и иновативно размислување при решавање проблеми и донесување одлуки во секојдневни конкретни ситуации
    Ќе ја увидат важноста на иновативното и креативно размислување за подобрување на процесот на решавање проблеми и носење одлуки во секојдневието
    Содржина и главни цели на обуката

    Запознавање со иновативен и креативен процес на размислување
    Стекнување лична способност и умешност кај вработените за поттикнување креативност и иновативност во секојдневното работење
    Практична примена на успешни (лични и професионални) стратегии
    Запознавање и практична примена на алатки и методи за креативно размислување надвор од рамката
    Запознавање и практична примена на техники за креативно размислување, со цел подобро решавање проблеми и носење одлуки
    Сопствена и организациска мапа
    Чекори во процесот на креирање иновации на работното место
    Техники за мотивација и начини на излегување од зоната на пасивност и комфор
    Креативно размислување – поттикнување
    Методи за поттикнување креативност и иновации (лични, тимски, организациски)
    Рамки и надвор од рамките
    Процес на иновација во организацијата: Подготовка, Инкубација Инспирација, Верификација
    Чекори во процесот на креативност и креативното размислување
    Креативност (лично и на работното место) – начини, техники
    Креирање мотивирачка и поттикнувачка клима и култура на работното место и во организацијата
    Неопходност од иновации во секојдневното работење на работното место, во тимот и во организацијата.
    Целна група

    Оваа обука е наменета за сите кои сакаат да ја поттикнат креативноста и иновативноста кај себеси и/или кај тимот. Да научат техники, алатки и методи за практична примена на креативноста и иновативноста на лично и професионално поле.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Обука, Тренинг, Training, Workshop
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    023246041

    корисничка поддршка