00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

За нас

MarketKonekt е единствен онлајн маркет што директно ги поврзува бизнисите и потрошувачите од балканските земји. Истовремено овозможува купување и продажба на најразлични производи и услуги во Македонија, БугаријаСрбија и Албанија, а наскоро и во останатиот дел од регионот.

Корисниците на MarketKonekt добиваат повеќе и трошат помалку. Купувачите имаат оргомен избор на производи/услуги, а продавачите го прошируваат пазарот. Притоа штедат време и пари.


На купувачите MarketKonekt им обезбедува детали за потребните производи/услуги и им помага да го направат најдобриот избор. Преку сајтот го пронаоѓаат идеалниот производ/услуга кога купуваат за лични или потреби на нивните фирми.

Купувачите:

- Наоѓаат што им е потребно од понудите на домашните и регионални компании преку брзо и лесно пребарување, во над 900 различни категории или посебни секции (на пр. попусти),

- Споредуваат производи/услуги (карактеристики, цена, достапност,...),

- Бараат понуда за конкретен производ/услуга од повеќе фирми одеднаш,

- Директно контактираат со продавачите за нарачка или дополнителна информација,

- Директно на сајтот прават нарачки на производи, а производите им се доставуваат на назначена адреса.


На продавачите MarketKonekt им овозможува зголемена продажба и намалени трошоци за продажба. На сајтот може да продава секој бизнис од секоја дејност. Со брзо и едноставно објавување нивните производи или услуги стануваат достапни до секој потенцијален купувач - фирма или краен потрошувач. 

Компаниите:

- Зголемуваат број на купувачи (во исто време продаваат на целиот домашен пазар и во регионот)

- Директно се поврзуваат со купувачите (довиваат и одговараат на барања за понуди или контактираат за дополнителни информации)

- Унапредуваат конкурентност (користат премиум членства за да ја истакнат понудата пред конкуренцијата)

- Го анализираат пазарот (следат барања на потрошувачите и понуди на конкурентите, и дознаваат кој е најповолен добавувач)


MarketKonekt е дел од портфолиото на Р3 Инфомедиа, компанија која обезбедува целосен сет на детални информации за корисниците и единствени интегрирани маркетинг услуги за компаниите преку брендови со лидерска позиција на домашниот пазар:


Најдетален и потполн македонски бизнис информатор. Печатено, on-line издание и мобилни апликации.

 www.zk.mk


Најголем on-line маркет во Македонија. Директно ги поврзува продавачите и купувачите преку оn-line трговија на домашниот и регионалните пазари.

 www.marketkonekt.com


InOne е комплетно решение кое обединува дигитални маркетинг услуги неопходни за современо работење и продажба. Ви овозможува поуспешно онлајн претставување и промоција, конверзија од посетители во клиенти, и поголема продажба и продуктивност. 

InOne е клауд софтвер со кој самите организирате онлајн маркетинг, добивате повеќе нови купувачи, ги задржувате постојните и ги поттикнувате на повторно купување.

Целосен телефонски именик на Македонија. Број на кој може да добиете фиксни и мобилни телефонски броеви од сите оператори во Македонија, и плус сите броеви од базата на Златна книга.



 

   Тел. + 389 (0)2 3177 888
   E-mail: info@zk.mk
 
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка