Услови и правила за користење на MarketKonekt.com
Услови и правила за користење на MarketKonekt.com
1. Генерални одредби
MarketKonekt.com е современ веб сајт за електронска трговија кој е во сопственост на Друштвото за консалтинг финансии и медија РЗ ИНФОМЕДИА ДОО Скопје (во понатамошниот текст: Р3 Инфомедиа).
Со овие услови за користење (во понатамошниот текст: Услови за користење) се дефинираат правата и обврските за користење на веб сајтот MarketKonekt.com и неговите услуги и функционалности.
MarketKonekt.com е веб сајт кој може да го користат сите физички и правни лица согласно овие Услови за користење. Корисниците кои сакаат да купуваат или продаваат преку MarketKonekt.com треба да се регистрираат преку опцијата “Регистрација”, каде опцијата “Членство за купувачи” е наменета за регистрација на физички лица, а опцијата “Членство за компании” е наменета за регистрација на правни лица.
Купувањето преку MarketKonekt.com е достапно за сите правни лица и за физички лица на возраст од 18 години или повеќе. Доколку имате најмалку 14 години, а сеуште не 18 години, можете да купувате преку MarketKonekt.com, под надзор и согласност на Вашиот родител или старател кој се согласува со овие Услови за користење.
Продавањето преку MarketKonekt.com е достапно за сите субјекти кои на правно дозволен начин се занимаваат со продажба на производи и услуги во традиционалната трговија.
Правото на користење на MarketKonekt.com е лично на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Корисникот признава дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Р3 Инфомедиа и Р3 Инфомедиа не сноси одговорност за губење на податоци настанато при пренос на информациите преку Интернет. Иако цел на Р3 Инфомедиа е MarketKonekt.com да биде достапен 100% од времето, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Р3 Инфомедиа, пристапот до MarketKonekt.com може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
Внесувањето на информациите е автоматизирано преку соодветни електронски онлајн формулари на MarketKonekt.com или API модули кои се поврзуваат со системите на корисниците. Со внесување и испраќање на информации од страна на корисникот, корисникот и отстапува право на Р3 Инфомедиа да ги објави тие информации на MarketKonekt.com.
Р3 Инфомедиа не е одговарна за точноста, веродостојноста и содржината на информациите кои се внесени и објавени на MarketKonekt.com од страна на корисниците, односно од страна на Р3 Инфомедиа во име и по налог на корисниците. За точноста, веродостојноста и содржината на информациите за производите/услугите кои се продаваат преку MarketKonekt.com и за корисниците кои купуваат и/или продаваат преку MarketKonekt.com одговара самиот корисник кој ги внел истите.
Р3 Инфомедиа може да ги промени овие Услови на користење со пишан или електронски документ. Во таков случај, Р3 Инфомедиа ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин (вклучувајќи и начин на известување преку е-маил и начин на објава преку MarketKonekt.com) не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник се согласува редовно да ја посетува MarketKonekt.com за да дознае за такви промени.
Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на MarketKonekt.com. Исто така, секој корисник се согласува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Р3 Инфомедиа, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Условите за користење на овој веб сајт од страна самиот корисник или друг корисник.
Секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на е-меил адресата со која е регистриран на MarketKonekt.com. Нотификациите се поврзани со услугите на MarketKonekt.com. Корисниците ќе добиваат нотификација на е-маил:
· кога ќе им биде пратена порака преку интерниот систем на MarketKonekt.com за испраќање и примање пораки,
· ако корисникот одбрал да следи производ ќе биде известен кога ќе има промена во информациите на тој производ,
· ако корисникот одбрал да следи компанија ќе биде известен за секоја активност на компанијата како додавање нов производ, менување на постоечки производ, поставување производ на промоција или на попуст, итн.,
· кога ќе има ново барање за понуда,
· пред истекување на пакетот на членство,
· кога ќе има нарачка за производ/услуга и сите пропратни акции околу нејзино подготвување, испраќање и превземање, итн.
Исто така, секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта и билтени (newsletter) на е-меил адресата со која е регистриран на MarketKonekt.com.
Корисникот се обврзува во процесот на користење на услугите што ги обезбедува MarketKonekt.com, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:
1.1. не се во согласност со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност;
1.2. се предмет на интелектуална сопственост на трети лица, освен со согласност со носителот на правото;
1.3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на надлежен орган;
1.4. содржат информации за шифрите на други корисници или правата за пристап, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до таквите шифри или права;
1.5. содржат лични податоци за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;
1.6. повикуваат или содржат елементи на насилство врз лица или животни, понижување на човековото достоинство, закани по животот и физичкиот интегритет на лица или животни;
1.7. прикажуваат несреќи и други сериозни инциденти или кривични дела;
1.8. имаат порнографска или експлицитна содржина;
1.9. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, убедување, политичка припадност, личен или јавен статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било кои други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;
1.10. штетат на добрата репутација, чест или достоинство на трети лица;
1.11. имаат вулгарна или навредлива содржина насочена кон било кое лице;
1.12. повикуваат на насилна промена на уставниот поредок, извршување злосторство, лично насилство или поттикнуваат расна, етничка или верска омраза;
1.13. прикажуваат и поттикнуваат на однесување кое претставува опасност за заштитата на животната средина;
1.14. содржат информации кои поттикнуваат извршување на терористички активности и други теми поврзани со тероризам;
1.15. ги повредуваат правата на сопственост или легитимните интереси на трети лица;
1.16. имаат слаб квалитет и нејасна содржина;
1.17. имаат големина која ја надминува максималната големина што е определена на MarketKonekt.com веб-сајтот;
Доколку такви содржини бидат пронајдени од страна на Р3 Инфомедиа, истите ќе бидат веднаш избришани, а корисникот кој ги внел истите ќе може да биде блокиран од системот на MarketKonekt.com.
Производите и услугите објавени на MarketKonekt.com мора да бидат во согласност со соодветната важечка регулатива во Република Македонија. Во случај на спор товарот за усогласеноста на производите и услугите со позитивното законодавство на Република Македонија, товарот на докажување на усогласеноста паѓа на продавачот.
Р3 Инфомедиа има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на MarketKonekt.com со цел да ги извести своите клиенти, корисници, други странки, да ги објави на други медиуми, да ја провери веродостојноста на корисникот и да комуницира со корисникот во однос на услугите на MarketKonekt.com. Меѓутоа, личните податоци за корисниците ќе бидат чувани како строго доверливи и нема да им бидат откриени на трети лица освен ако тоа е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи.
Р3 Инфомедиа го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на корисник, како и информации за секој внесен производ или услуга со цел да се провери нивната веродостојност. Доколку Р3 Инфомедиа смета дека информацијата не е валидна или пак не е во согласност со овие Услови за користење има право истата да ја избрише.
Р3 Инфомедиа го задржува правото да ги отстрани содржините објавени на MarketKonekt.com кои се спротивни на позитивните законски прописи.
Бришењето на содржини од MarketKonekt.com од страна на Р3 Инфомедиа во согласност со овие Услови за користење претставува ексклузивно право на Р3 Инфомедиа и истото нема да претставува основ за било какви права или барања на било кое трето лице.
Р3 Инфомедиа не е одговорна за настанување на било каква штета поради објавените информации за производот, услугата или корисниците регистрирани на MarketKonekt.com.
Р3 Инфомедиа го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на MarketKonekt.com без претходно известување.
Продажбата на производи и услуги преку MarketKonekt.com подразбира право и обврска за почитување на Законот за заштита на потрошувачите на подеднаков начин како и при традиционалната продажба.
2. Купување преку MarketKonekt.com
Купувањето преку MarketKonekt.com се прави со клик на копчето НАРАЧАЈ СЕГА и со едноставно пополнувањето на формуларот за НАРАЧКА кој MarketKonekt.com го генерира кога ќе биде избрана опцијата за купување. По испраќање на НАРАЧКАТА, купувачот најдоцна во рок од 1 работен ден ќе добие Нотификација со известување дали производот/услугата го има на залиха, како и со понуда на цена на производот/услугата, одобрен попуст на цената и износ на трошокот за испорака од продавачот (ако е избрана опција за испорака). На добиената Нотификација купувачот ќе треба да избере опција за потврдување или одбивање на понудата. Доколку купувачот не избере ниту една од опциите за потврда или одбивање во рокот наведен во таа нотификација, тогаш системот автоматски ќе ја смета нарачката за потврдена.
Со потврдувањето на нарачка преку MarketKonekt.com, купувачот заснова договор за купопродажба со продавачот на нарачаниот производ или услуга при што купувачот и продавачот се обврзани за негово исполнување согласно направената нарачка. Р3 Инфомедиа ќе се вклучи во ваквиот однос само во случај на добиено известување преку MarketKonekt.com за постоење на проблем во остварувањето на договорот за купопродажба. Ваквото вклучување на Р3 Инфомедиа е на доброволна основа и мотивирано од идејата за унапредување на квалитетот и сигурноста на интернет продажбата. Во случај на вакво вклучување Р3 Инфомедиа ќе настојува да се постигне надминување на настанатиот проблем во согласност со применливите законски прописи, а посебно со Законот за заштита на потрошувачите. Р3 Инфомедиа ќе ги преземе сите дејствија во својата моќ со кои ќе може да придонесе за заштита на правата на корисникот како купувач, како и негово упатување на неговите законски гарантирани права. Ваквото вклучување на Р3 Инфомедиа не влијае на правото на корисникот на судска заштита.
Во рамки на своите заложби за заштита на правата на потрошувачите, како и унапредување на довербата во онлајн трговијата, Р3 Инфомедиа на корисниците како купувачи им ги гарантира следните права:
- Право на враќање на производот во рок од 8 дена од приемот, во случај истиот да има недостаток или да не одговара на описот објавен за него на MarketKonekt.com, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за враќањето ќе ги сноси продавачот и
- Право на замена на производот во рок од 15 дена од приемот во случај истиот да има соодветен квалитет, но да да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси купувачот.
Можностите за враќање и замена ќе можат да се остварат само и единствено доколку производот биде вратен неупотребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и придружната документација која на купувачот му била дадена заедно со производот.
Правата на враќање и замена Р3 Инфомедиа ги гарантира само за оние договори за купопродажба за кои целокупната комуникација меѓу купувачот и продавачот се одвивала преку MarketKonekt.com.
3. Правила за користење
1. Не внесувајте линкови до други веб сајтови.
2. Не пишувајте неоправдани ставови против конкуренцијата. Неоправдани и/или неквалификувани изјави можат да бидат избришани од страна на Р3 Инфомедиа.
3. Не внесувајте информации, или на било кој друг начин не користете материјал кој е предмет на интелектуална сопствност или други ексклузивни права на трето лице без негово знаење и дозвола.
4. Не внесувајте лични податоци кои се однесуваат на други луѓе, а без нивно претходно одобрување.
5. Не рекламирајте, не промовирајте или на било кој друг начин не огласувајте туѓ производ или услуга.
4. Основни упатства и инструкции
Кога се регистрирате на MarketKonekt.com:
1. Внесете важечки податоци за Вашата или компанијата во која сте вработени.
2. Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина.
3. Ве молиме да следите “нетикета” кога внесувате податоци, односно советот е да не го пишувате целиот текст со големи букви или нерегуларен фонт.
Кога внесувате производ или услуга:
1. Вашиот производ или услуга треба да биде поставен во категорија која најдобро го опишува (истиот во процесот на прегледување може да биде прераспореден во посоодветна категорија). Дозволено е да објавувате производ најмногу во 3 различни категории.
2. Производите кои се однесуваат на продажба мора да бидат во делот Производи на MarketKonekt.com, а барањата за понуди во делот Барање за понуда. Барањата за понуди можат да бидат објавени најмногу во 3 категории.
3. Не е дозволено да се поставуваат исти производи од исти продавач повеќе од еднаш.
4. Не објавувајте производи или услуги кои не се дозволени за продажба според Законите во Македонија. Доколку такви производи или услуги бидат пронајдени од страна на Р3 Инфомедиа, истите ќе бидат веднаш отстранети.
4. Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на овој веб сајт без изречена писмена дозвола од Р3 Инфомедиа е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.
Р3 Инфомедиа не сноси одговорност доколку во користењето или на било кој начин во врска со користењето на MarketKonekt.com корисникот изврши повреда на права од интелектуална сопственост на трето лице.
Видете и: "Политика на приватност", "Политика за колачиња" и "Политика за користење на л.податоци за цели на дир.маркетинг"
Последно променето на: 14.06.2021