00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Презентациски вештини

Презентациски вештини

Цената е со вклучен ДДВ
5.192 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Презентациски вештини

    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување со презентациски вештини. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да дефинираат цели на презентација; да извршат анализа на потребите на слушателите; да планираат, да структурираат и да извршат презентација; да подготват материјали; да се подготват за можни прашања; да користат вербална и невербална комуникација на ефективен начин; да се справаат со прекини за време на презентацијата; да употребуваат визуелни помагала; да ја надминат тремата пред презентирањето; да изградат самодоверба при презентирањето; да употребуваат вештини на презентирање и комуникација; да управуваат со групна динамика; да се справат со тешки ситуации и учесници, и друго.

    Опфат –теми

    Што е јавно говорење/презентација
    Кога презентацијата е успешна
    Што треба да се знае и да се совлада за презентацијата да биде успешна
    Цели на презентирање
    Подготовка за презентација
    Анализирање на потребите на слушателите
    Алатки за планирање
    Структурирање на презентацијата и материјалите
    Формулари; Обрасци; Дополнителни материјали; Проби; Подготовка за прашања
    Презентирање и јавно говорење
    Комуникациски вештини
    Вербална и невербална комуникација
    Држење на телото и гестикулација
    Начини на справување со прекини за време на презентирањето
    Управување со групна динамика
    Работа со визуелни помагала
    Начини за надминување на тремата
    Градење самодоверба
    Друго

    Целна група
    Оваа обука е наменета за сите вработени кои во делот на нивното работење презентираат / говорат или ќе презентираат / ќе говорат пред група вработени, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со презентациски вештини.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници. Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
    Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува два пати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:10.030 ден.

    Обука на обучувачи (ТоТ)

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Комуникациски вештини

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Менаџирање со работна сила од далеч ...

    Цена со ДДВ:10.030 ден.

    Ефективно лидерство и менаџмент

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Вештини на преговарање

    Цена со ДДВ:10.502 ден.

    Управување со проекти




    023246041

    корисничка поддршка