00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Обука на обучувачи (ТоТ)

Обука на обучувачи (ТоТ)

Цената е со вклучен ДДВ
10.030 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Обука на обучувачи (TOT)

    По завршувањето на обуката ќе можете: самостојно да извршите анализа на потреби за обука; да планирате; да изведувате обуки; да употребувате визуелни помагала; да употребувате вештини на презенирање и комуникација; да управувате со групна динамика; да се справите со тешки ситуации и учесници; да давате и примате повратни инфорамции; да евалуирате обуки.

    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување вештини за целокупна изведба на обука преку користење соодветни методи, техники, алатки и помагала за обучување.

    Опфат –теми

    Што е обука и циклус на обуката
    Анализа на потребите за обука и поставување цели
    Техники и алатки за утврдување потреби за обука
    Утврдување целни групи за обука
    Развој на цели (општи)
    Развој на активности за обуката
    Развивање наставен план и вежби
    Стилови на учење
    Циклус на учење
    Одредување временска рамка
    Креирање курикулум и развивање вежби
    Методи и избор на методи на пренесување содржина
    Пренесување знаење и информации
    ОМЕГА принципи
    Презентациски вештини
    Комуникациски вештини
    Држење на тело и гестикулација при обука
    Избор и работа со визуелни помагала
    Справување со тешки учесници
    Киркпатрик модел
    Давање и примање повратни информации (фидбек)
    Развој на програма за евалуација на обуката и евалуација
    Целна група

    Оваа обука е наменета за секој кој сака и/или има потреба од стекнување вештини или надградување на истите за изведба на обука за обучувачи.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго)



    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници. Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.



    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка и изведба на обуки ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.



    Времетраење

    При физичко присуство обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
    Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:10.030 ден.

    Развој и управување на човечки ресу ...

    Цена со ДДВ:10.502 ден.

    Управување со проекти

    Цена со ДДВ:10.502 ден.

    Управување со промени

    Цена со ДДВ:10.030 ден.

    Ефективно лидерство и менаџмент

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Презентациски вештини

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Управување со тешки ситуации




    023246041

    корисничка поддршка