00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Управување со проекти

Управување со проекти

Цената е со вклучен ДДВ
10.502 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Управување со проекти
    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување вештини за управување со проекти преку користење соодветни техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: самостојно да дефинираат фази на проектот; да дефинираат општи цели, посебни цели, како и резултати и активности на проектот; да извршат алокација и да управуваат со проектни ресурси; да подготват и да управуваат со проектен буџет; да утврдат и да управуваат со критична патека; да вршат мониторионг и евалуација на проект; да подготвуваат извештаи за проекти; да затворат проект; и друго.

    Опфат –теми

    Што е проект?
    Проектен циклус и фази
    Логичка рамка
    Идентификување на главен проблем
    Анализа на засегнати страни
    Анализа на проблеми (дрво на проблеми)
    Анализа на цели (дрво на цели)
    Анализа на стратегии
    Вовед во матрица на логичка рамка
    Вертикална логика на интервенција - општа цел, цел на проектот, резултати и активности
    Надворешни фактори – Претпоставки и предуслови
    Хоризонтална логика на интервенција – индикатори и извори на верификација
    Временска рамка на активности
    Управување со проектни ресурси
    Раководење со проекти
    Утврдување на критична патека (Critical Path)
    Основни елементи на проектен буџет – креирање буџет
    Мониторинг и евалуација на проект
    Извештај за проект
    Проектен дизајн
    Работа со повеќе проекти
    Затворање на проект
    Користење алатки (Gantt Chart, PERT Chart)
    Целна група

    Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат како менаџери на проекти, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на управување.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при секојдневното работење ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа. Два дена по 6 часа, при физичко присуство
    Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува еднаш неделно во период од 4 недели.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:10.030 ден.

    Развој и управување на човечки ресу ...

    Цена со ДДВ:10.030 ден.

    Обука на обучувачи (ТоТ)

    Цена со ДДВ:10.502 ден.

    Управување со промени

    Цена со ДДВ:10.030 ден.

    Ефективно лидерство и менаџмент

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Презентациски вештини

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Стратешко планирање




    023246041

    корисничка поддршка