00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Застапување интереси (Advocacy)

Застапување интереси (Advocacy)

Цената е со вклучен ДДВ
5.782 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Застапување интереси (Advocacy)
    Застапување значи и да се преземе лидерство и да се влијае врз носителите на одлуки. Застапување е процес со којшто се врши влијание врз одлуките, праксите и политиките заради подобрување на условите и изнаоѓање решенија за општо добро.

    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување вештини за застапување интереси на други заради општо добро, а преку користење соодветни техники, модели и алатки. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да направат анализа, синтеза и план за застапување и лобирање; ќе можат со леснотија да го идентификуваат проблемот, неговите причини и последици; да ја употребат алатката за „наговарање во лифт“ (Elevator pitch); да постават мапа на влијанија и план за обезбедување средства; практично да употребат НЛП-комуникациски модел; да направат план за имплементација; да анализираат ситуација во која ќе идентификуваат и ќе дефинираат проблеми; да употребат модел и алатки за анализа и решавање на проблеми и друго.

    Опфат – теми

    Што е застапување (Advocacy)?
    Што е лобирање?
    Која е улогата на застапниците
    Нивоа на влијанија
    Јавни застапувања
    Градење поддршка
    Цели и задачи
    Собирање податоци
    Публика и целни групи
    Развивање порака
    Канали на комуникација
    Следење и оценување
    Обезбедување средства
    Проблем – причини и последици
    Патоказ
    Целни групи и канали на комуникација
    Идентификување закани
    Мапа на влијанија
    „Наговарање во лифт“ (Elevator pitch)
    План за имплементација
    Градење однос (Rapport), говор на тело и гестикулација
    Стилови на однесување при комуникација
    Употреба и практична примена на НЛП-комуникациаски модел при застапување
    Асертивна комуникација и начини на кажување НЕ
    Подобрување на комуникациските вештини
    Автентично асертивно однесување – вештини
    Четири комуникациски стила
    Надминување бариери во коминикацијата при застапување
    Друго
    Целна група

    Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат во невладини организации, на проекти, владини организации и/или други компании каде што застапувањето на интересите на другите за општо добро е дел од секојдневното работење. Како и за сите оние кои сакаат да се стекнат со вештини за застапување интереси.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци и другите дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Обука, Тренинг, Training, Workshop
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Управување со тешки ситуации

    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Решавање проблеми и донесување одлу ...

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Комуникациски вештини

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Справување со тешки клиенти

    Цена со ДДВ:11.918 ден.

    Стратешко планирање

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Вештини на преговарање




    023246041

    корисничка поддршка