00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Управување со тимови со високи перформанси


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Управување со тимови со високи перформанси
    Цел на обуката

    Јакнење на улогата на раководителите и тим-лидерите во придонесот кон развој на тимови со високи перформанси, а со самото тоа и кон развој на организацијата. Јакнење на вештини за комуникација во односите меѓу членовите на тимот и во самата организација. Развивање на оптимистички и победнички дух, самомотивација и мотивација на членовите на тимот во организацијата. Препознавање и развивање емпатија, транспарентност и решителност како едни од главните карактеристики на лидерите. Запознавање со алатки и техники кои се практично применливи за раководителите и тим-лидерите заради развој и управување со тимови со високи перформанси во секојдневното работење.

    По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки при градење и раководење со успешни тимови и постигнување на целите на тимот; да изберат членови врз основа на потребите на работата; да применат техники за градење меѓусебна доверба; да разменуваат информации, применувајќи комуникациски вештини за работа со тим; да применуваат техники за справување со непродуктивен тим; да градат тимски дух и друго.

    Опфат – теми

    Што е тим и работа во тим?
    Што е тим со високи перформанси? По што се разликува од другите тимови?
    Улогата на тимот за успехот на одделот како и за успехот на целата организација
    Каде е тимот во организациската структура
    Типови на тимови
    Карактеристики на тим со високи перформанси
    Работа во тим
    Фази на градење тимови со високи перформанси
    Вештини што се потребни за исполнување на работните обврски и слично
    Избор на членови
    Типови членови во тимот
    Градење доверба меѓу членовите во тимот – модел
    Јакнење на тимот
    Развој и градење на тимска култура
    Клучни фактори за успешен тим
    Начини за придонес кон тимската работа
    Начини на водење тим
    Начини и техники за справање со непродуктивни тимови
    Како да се стекне почит од другите членови во тимот
    Начини и техники за развој на тимски дух
    Како да се биде добар член на тим
    Логички нивоа на тимот според структурата на организацијата
    Градење победнички дух
    Медијација и надминување конфликти во тимот
    Лидери на тимови со високи перформанси, карактеристики
    Мотивирање тимови
    Тимска поврзаност и самомотивација
    Ангажираност, лична и тимска одговорност
    Успешни модели
    Техники и алатки за развој и управување со тимови со високи перформанси
    Друго
    Целна група

    Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат и/или ќе работат како менаџери, управители, тим-лидери. Стекнатите вештини ќе може да се применат за развој и раководење на успешни тимови со високи перформанси, како и за сите учесници кои сакаат да стекнат и/или да ги подобрат своите вештини за раководење со тимови.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневното работење. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Управување со тимови со високи перформанси, High Performance Team Management
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    023246041

    корисничка поддршка