00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Ефективно управување со времето

Ефективно управување со времето

Цената е со вклучен ДДВ
5.192 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Ефективно управување со времето
    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување вештини за ефективно управување со времето преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да поставуваат цели и приоритети; да се справат со прекини и одолговлекувања; да го планираат и да го организираат времето; да употребуваат алатки и техники за ефективно управување со времето и друго.

    Опфат – теми

    Што е време и како го управуваме?
    Зошто е важно да управуваме со времето?
    Анализа – Дневник на активности (Activity Log)
    Поставување цели и видови цели
    Мотивација за постигување на целите
    Прекини
    Справување со прекините
    Одолговлекување
    Чекори за надминување на одолговлекувањето
    Начини како да се каже НЕ
    Одлучување што е битно
    Цели и приоритети (SMART)
    Алатки за управување со времето
    Техники и методи (Матрица за управување со времето, Mетод АБЦ, Споредба во однос на нешто (Time Management Matrix, ABC Method, Pared Comparison))
    Листа со задачи (TO-DO листа), Акционен план
    Вештини на планирање
    Планирање и организирање
    План и запис на активности
    Идентификување „арчители на време“ (time wasters)
    Совети за ефективно управување со времето
    30 начини како ефективно да управувате со своето време
    „Совети и финти“
    Друго
    Целна група

    Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини за ефективно управување со времето.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и со употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневната работа, како и за управување со сопственото време. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа, во период од 1 недела.
    По завршувањето на обуката, секој учесник добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Обука, Тренинг, Training, Workshop
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Мотивација

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Ефективно водење состаноци

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Комуникациски вештини

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Управување со тешки ситуации

    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Решавање проблеми и донесување одлу ...

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Презентациски вештини




    023246041

    корисничка поддршка