00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Daikin прочистувач на воздух -MC55W

20%заштеда

Daikin прочистувач на воздух -MC55W

Цената е со вклучен ДДВ
27.049 ден. 21.639 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:DAIKIN MC55W-ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ CО МОЌНА STREAMЕR-ТЕХНОЛОГИЈА

    • Применлива површинa: 41m2
    • Сензори: за прашина, за дезодоризирање на мириси, за PM 2.5
    • Димензии (вxшxд): 500 x 270 x 270 mm
    • Прочистување на воздух (во turbo мод): 330m3/h
    • Тежина:6,8kg
    • Тивок мод на работа до 19dBa

    Што е она што ги прави Daikin прочистувачите на воздухот толку ефикасни?
    1.Тоа е најнапредната технологија за филтрирање на воздух применета на оваа категорија на производи. Филтерот има проценет век на траење од 10 години.
    2. Чист воздух благодарение на активно празнење на јони и flash streamer технологија
    3.ЕЛЕКТРОСТАТСКИ ХЕПА филтер - Со високи перформанси за фаќање на ситни честички прашина па дури и PM 2.5 честички (електростатскиот HEPA филтер е достапен само на Daikin производите за прочистување на воздух)
    4. Моќно вшмукување и тивок режим на работа
    5.Филтерот за дезодорирање апсорбира и распаѓа мирис
    6. Нов модерен и компактен дизајн

    Прочистувачот на воздух Daikin MC55W е сертифициран за алергии од ECARF (European Centre for Allergy Research Fondation). ECARF e фондација - сертификат за поголема сигурност, независно сертификациско тело од 15 научници и техничари, кои развиваат специјални критериуми за да се отцени дадена група на производи). Валидноста на сертификатот за прочистувачот MC55W може да ја проверите на следниот линк: https://ecarf-siegel.org/en/products/mc55wvm/

    УНИКАТНАТА STREAMER ТЕХНОЛОГИЈА НА ДАИКИН

    1. Streamer единицата, технологија на плазма-празнење со голема моќност, ги распаѓа штетните материи (Супстанции кои вклучуваат: вируси, бактерии, полен, спори на мувла) во внатрешноста на единица. Овие материи се заробени на ЕЛЕКТРОСТАТСКИОТ ХЕПА филтерот или се апсорбирани во филтерот за дезодорирање.
    2. Единицата за генерирање на активни плазма јони обезбедува дополнително прочистување на просторот,со додавање на елементи за прочистување на исчистениот воздух.Овие елементи можат да помогнат во дезодорирање на замирисани завеси и теписи.

    ЕЛЕКТРОСТАТСКИ ХЕПА ФИЛТЕР наспроти НЕ-ЕЛЕКТРОСТАТСКИ ХЕПА ФИЛТЕР
    •Филтерот има проценет век на траење од 10 години.
    • Отстранува 99,97% од ситните честички од 0,3 μm
    • Самото филтерско влакно се полни со статички електрицитет и ефикасно собира честички
    • Не се запушува лесно, па оттука и помалку губење на притисок

    ЕЛЕКТРОСТАТСКИОТ ХЕПА филтер е со високи перформанси за фаќање и на најмалите честички прашина. Филтерот ефикасно собира прашина со електростатски сили. Не е склон на запушување во споредба со неелектростатските ХЕПА филтри. Затоа, поголема количина на воздух може да помине низ филтерот.

    CLASH -CYCLE- CLEAN

    CLASH
    Филтерот за собирање прашина ги фаќа штетните лебдечки материи и Daikin Streamer ги распаѓа со оксидација.

    CYCLE
    Филтерот за дезодорирање апсорбира и распаѓа мирис. Благодарение на регенерацијата на капацитетот за апсорпција, се одржува капацитетот за дезодорирање. Нема потреба да го менувате филтерот за дезодорирање, за разлика од прочистувачите на воздухот со филтри со активен јаглен.

    CLEAN
    Ги отстранува бактериите од филтерот за собирање прашина.

    ПОВЕЛЕТЕ ВО ПРОДАЖНИТЕ МЕСТА НА ИЦС ГРУП-Премиум Партнер на DAIKIN за МАКЕДОНИЈА .

    Продажен салон Карпош (ICS i-Showroom) (02) 3084 465,
    076 / 344-728, i-showroom@icsgroup.mk
    Дирекција Тел: (02)3109 949
    info@icsgroup.mk
    www.icsgroup.mk

  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ИЦС Груп
  • Земја на потекло:Јапонија
  • Гаранција:3 години
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ИЦС Груп

    • Опис на компанијата:ИЦС ГРУП е фирма која со својот тим од искусни инжинери Ви нуди проектирање и изведба на инсталации за ладење, греење ,климатизација и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Нашите системи се современи технолошки и еколошки решенија за многу инивидуални домови•индустриски објекти•канцелариски простории•шопинг центри•дата центри•болници•објекти од областа на прехрамбената индустрија и сл. Голема чест и привилегија ни преставува фактот што ИЦС ГРУП е овластен застапник на јапонскиот бренд DAIKIN-на широко познат по својот квалитет кој моментално го завзема водечкото место во светот, за производство на с-ми за климатизација и вентилација.Во својата палета на производи на ИЦС ГРУП застапени се и реномираните брендови: SABIANA,CLINT и DYNAIR од Италија и PROKLIMA и KLIMAOPREMA од Хрватска. Нашиот опсег на опрема се состои од: клима уреди • чилери • вентилоконвектори • топлински пумпи-ALTHERMA • топлински изменувачи и др.Инжинерите вработени во ИЦС ГРУП располагаат со овластувања А и Б за проектирање,изведба, надзор и ревизија.Исто така фирмата поседува и лиценца Б за изведба на градби од втора категорија.Имплементирани се системите за проектирање и менаџмент ISO 9001-2004 и системот за управување со околината ISO 14001-2008.
    • Име на контакт лице:Катерина
    • Адреса:ул.164 бр.46-а
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:075 214888
    • Телефон #:02 3109949
    • Факс #:02 3109949
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:33.900 ден.

    Прочистувач на воздух MC55W

    20%заштеда
    Цена со ДДВ:32.069 ден. 25.655 ден.

    Daikin прочистувач на воздух и овла ...

    Цена со ДДВ:23.000 ден.

    Прочистувач на воздух Winix HR1000

    15%заштеда
    Цена со ДДВ:36.900 ден. 31.365 ден.

    Прочистувач и навлажнувач на воздух ...

    Цена со ДДВ:15.500 ден.

    Прочистувач на воздух Winix P300




    023109949

    корисничка поддршка