00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Студентски микс – мешавина од јаткасто и од сушено овошје


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Индискиот орев, исто како и останатото јаткасто овошје, има висока енергетска вредност од 550 kcal за 100 g, има висока содржина на бакар, манган, фосфор, магнезиум, железо, цинк, калиум и на селен. Од групата витамини, оревот има висока содржина на витаминот К. Бланшираниот бадем има висока енергетска вредност, односно има 570 kcal за 100 g, има висока содржина на влакна (10g/100g) и на одредени минерали и витамини. Од минералите најзастапени се манган и бакар, додека магнезиум, фосфор, калциум, цинк и калиум, исто така, присутни се во голема количина. Најзастапен витамин е витаминот Е, но во голема количина застапен е и рибофлавинот – витаминот B2. Оревот има висока енергестка вредност од 570 kcal за 100 g, има висока содржина на влакна, бакар и на манган, како и на фосфор и магнезиум, на цинк и селен, а од групата витамини, има висока содржина на витаминот B6. Лешникот има висока енергетска вредност, односно 630 kcal за 100 g, претставува богат извор на влакна (10g/100g) и на одредени минерали и витамини. Од минералите, кај овие јатки најзастапени се манган и бакар, но исто така, има и голема количина магнезиум, фосфор, железо и калиум. Од групата витамини, кај лешникот доминира витаминот Е, но исто така, во голема количина застапени се и тијаминот и витаминот B6. Сувото грозје има енергетска вредност од 300 kcal за 100 g, претставува извор на влакна, има висока содржина на флуор, бакар и на калиум. Кандираната брусница има висока енергтска вредност од 300 kcal за 100 g и претставува богат извор на влакна. Брусницата е богата со манган, бакар и со витамин Е. Манганот е важна компоненета во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите. Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на заздравување и ја помага апсорпцијата на железо. Витаминот Е игра улога на антиоксиданс во човековото тело, но исто така, учествува во создавање на црвените крвни зрнца, ја регулира мускулната активност и активноста на жлездите.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка