00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Егзотик микс


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Сувото грозје има енергетска вредност од 300 kcal за 100 g, претставува извор на влакна, има висока содржина на флуор, но исто така, и на бакар и на калиум. Банана чипсот има висока енергетска вредност од околу 520 kcal за 100 g и висока содржина на влакна (8g/100g). Има висока содржина на манган и претставува извор на калиум, магнезиум и на бакар, како и на витаминот B6. Кокос чипсот има висока енергетска вредност од 660 kcal за 100 g и има висока содржина на влакна (16g/100g). Има висока содржина на манган, но и на бакар и на селен. Кандираниот ананас има висока енергетска вредност од околу 340 kcal за 100 g и има висока содржина на манган. Свежиот ананас има значителна содржина на витамин C. Кандираната папаја има висока енергетска вредност од околу 340 kcal за 100 g. Свежата папаја има висока содржина на витамините А и C. Флуорот е особено важен за забите и за коските, но исто така, има и заштитна улога за организмот, особено од бактериски инфекции. Манганот е важна компонента во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка