00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Печени семки од тиква


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Печените семки од тиква имаат енергетска вредност од 570 kcal за 100 g, имаат висока содржина на одредени минерали и витамини, а исто така, имаат и висока содржина на растителни влакна. Од минералите, во најголема количина присутни се манган, фосфор, магнезиум, бакар, но исто така, овие семки имаат висока содржина и на цинк, железо и на калиум. Од витамините, во семките од тиква најприсутен е нијацинот. Манганот е важна компоненета во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите.Фосфорот, заедно со калциумот, игра улога во градбата на коските и на забите, а воедно игра и важна улога во преносот на енергија на клетките. Магнезиумот е потребен за правилен тонус на мускулите, за здрави коски и за здраво срце. Тој, исто така, делува како природен смирувач, значаен е за сите клетки бидејќи е поврзан со функцијата на многубројните ензими во човековиот организам. Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на заздравување и ја помага апсорпцијата на железо.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка