00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Супер микс


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Внимателно подготвена мешавина од суво, кандирано и од костеливо овошје, со висока енергетска вредност, односно 400 kcal за 100 g. Содржи темно и светло суво грозје, кандиран ананас, кандирана папаја, кандирана брусница, семки од тиква, пињоли (семки од бор), лешник и индиски орев. Кандираните овошја се без додадени бои, а, пак, кандираната брусница е подготвена со одредена количина сок од бозел и нивниот сладок вкус одлично се комбинира со вкусот на костеливото овошје. Семките од тиква имаат висока содржина на магнезиум, бакар и на цинк. Семките од бор (пињоли) имаат големо количество манган, магнезиум, фосфор, бакар, цинк и железо, но и висока содржина на витаминот К и на витаминот Е. Лешникот има голема количина на минералите манган, бакар и магнезиум и на витаминот Е. Индискиот орев има висока содржина на витаминот К и на минералите бакар, манган, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Магнезиумот ја намалува замореноста на организмот, дава свој придонес кон електролитниот баланс, кон добрата функција на нервниот, мускулниот и на коскениот систем, ја подобрува искористеноста на енергијата, синтезата на протеините и др. Цинкот игра важна улога во метаболизмот на сите макронутриенти, во метаболизмот на витаминот А, на масните киселини, ја подобрува когнитивната функција, функцијата на репродуктивниот систем, важен е за кожата, за косата и др., но една од најважните негови улоги е антиоксидативноста и подобрувањето на функцијата на имуниот систем.
  • Категорија:Здрава храна
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка