Лешник
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Лешникот има висока енергетска вредност, односно 630 kcal за 100 g, претставува богат извор на влакна (10g/100g) и на одредени минерали и витамини. Од минералите, кај овие јатки најзастапени се манган и бакар, но исто така, има и голема количина магнезиум, фосфор, железо и калиум. Од групата витамини, кај лешникот доминира витаминот Е, но исто така, во голема количина застапени се и тијаминот и витаминот B6. Манганот е важна компонента во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но ја помага и функцијата на мозокот и на нервите. Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на заздравување и ја помага апсорпцијата на железо.Витаминот Е игра улога на антиоксиданс во човековото тело, но воедно, учествува и во создавање на црвените крвни зрнца, ја регулира мускулната активност и активноста на жлездите.
Категорија:Зрнести производи
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи