Becutan заштитен детски крем со цинк оксид 75 ml
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Наменет е за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во покриените делови од пеленската регија како и во деловите каде што се формираат превои. Превенира појава на црвенило и иритација во пеленска регија, како последица на допирот на нежната кожа со влагата и со нечистотиите од пелената. Клинички е докажано дека овој препарат ја смирува иритираната бебешка кожа и дека може да се применува уште од првиот ден по раѓањето. Кремот се нанесува на чиста кожа со благо втривање, се додека целосно не се впие. Не треба да останат бели траги на површината на кожата.
Кремот во својот состав содржи:
• екстракт од алое вера - ја одржува нормалната влажност и ја смирува кожата;
• Д – пантенол - ја регулира влажноста и ја штити кожата од негативните влијанија на околината, како што се влагата и нечистотиите од пелената;
• цинк оксид - создава тенок заштитен слој кој површината на кожата ја одржува сува, а истовремено ја спречува појавата од црвенилото, исипот и иритацијата кај чувствителните делови на кожа.
• Клинички тестиран;
• има приспособена pH вредност;
• со екстракт од алое вера, Д-пантенол и цинк оксид;
• спречува појава на иритации.

Категорија:Нега на кожа
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи