00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Becutan колекција за сончање за деца


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Becutan кремот за сончање СПФ 50/ Becutan High Protection Sun Cream SPF 50, Becutan млекото за сончање СПФ 30/ Becutan High Protection Sun Milk SPF 30 и Becutan млекото во спреј за сончање СПФ 20/Becutan Medium Protection Sun Lotion SPF 20 содржат УВА+УВБ - филтри кои обезбедуваат сигурна заштита на бебешката и на детската кожа од ултравиолетовите зраци. Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци, овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата. Во својот состав содржат: - маслиново масло, ја хидрира кожата и дејствува против појава на црвенило; - екстракт од камилица, ја штити кожата од иритација, има антибактериско дејство и смирува евентуална појава на црвенило; - витамин Е, ја одржува нормалната влажност на детската кожа и ја прави мека и еластична; - Д-пантенол, ја хидрира кожата. Производите се клинички тестирани. Начин на употреба: - Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред да излезете на сонце или по секое капење. - Се препорачува почесто да се нанесува. Внимавајте! 1 единица фактор овозможува 10 минути заштита од сонце. Не се изложувајте на директна сончева светлина во периодот од 12 до 16 часот (ултравиолетовите зраци во овој период се со највисок интензитет). Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце. Becutan млекото по сончање/ Becutan After Sun Milk е идеално за враќање на влажноста на кожата, по нејзиното изложување на сонце. Брзо се впива, а големиот процент вода што го содржи, интензивно ја навлажнува кожата. Во својот состав содржи: - маслиново масло, ја прави кожата помека; - масло од невен, ја смирува и ја регенерира кожата; - камилица, дејствува антибактериски и смирува евентуална појава на црвенило; - Д-пантенол, ја хидрира кожата. Клинички тестиран. Начин на употреба: - Се нанесува на чиста кожа по сончањето.
  • Категорија:Нега на кожа
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка