Becutan детска витаминска маст 100 ml, 200 ml
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Наменета е за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во покриените делови од пеленската регија како и во деловите каде што се формираат превои. Клинички е докажано дека може да се користи уште од првиот ден по раѓањето и дека превентивно дејствува против појавата на иритации на бебешката кожа во деловите кои се најподложни на оштетување, како последица на допирот со влага и со нечистотии од пелената. Се нанесува на сува и чиста кожа при секое повивање. Благо се втрива сè додека целосно не се впие во кожата. Кога сте надвор од дома, препорачуваме да ја понесете варијантата во туба, овој тип на амбалажа обезбедува поголема заштита за производот од надворешните фактори на загадување. Не содржи парабени.
• Не содржи парабени;
• за секојдневна нега во пеленската регија;
• со маслен екстракт од невенов цвет;
• со витамин Е;
• има приспособена pH вредност;
• клинички тестиран.
• Не содржи парабени;
• за секојдневна нега во пеленската регија;
• со маслен екстракт од невенов цвет;
• со витамин Е;
• има приспособена pH вредност;
• клинички тестиран.
Категорија:Нега на кожа
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи