00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Becutan пенливо средство за капење 200 ml


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Becutan пенливото средство за капење е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа. Се препорачува за употреба уште од самото раѓање. Темелно ја чисти и негува кожата, не иритира.

    Благодарение на посебните хидратантни состојки, дури и при често капење, не ја исушува чувствителната бебешка кожа.

    Новороденчињата доаѓаат на свет покриени со креместа обвивка, наречена Vernix caseosa. Оваа обвивка има функција да ја штити нивната кожа во текот на целата бременост. Со цел да бидеме што поблиску до негата на која се навикнати бебињата во стомакот на мама, Becutan пенливото средство за капење содржи Glyceryl oleat - природна состојка која е составен дел на Vernix caseosa, што особено придонесува во одржувањето на заштитната функција на бебешката кожа.

    • Не содржи сапун;
    • не содржи алкохол;
    • не содржи парабени;
    • клинички тестиран;
    • развиен во соработка со дерматолози и педијатри;
    • препорачлив е за нега на чувствителна кожа кај сите возрасти;
    • има приспособена pH вредност.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка