00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Becutan маст со рибино масло


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Becutan маста содржи рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчиња. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа, како и на кожа оштетена од топлински или хемиски агенси. Хипоалергената формулација штити од појава на сува, црвена и надразнета кожа.
    Ја храни сувата кожа, правејќи ја мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо втривање 2-4 пати на ден.

    • Клинички тестиран;
    • богато со витамин А;
    • за нега и заштита на бебешка кожа;
    • за нега на сува, испукана и груба кожа, склона кон лупење;
    • превенира појава на црвенило на кожата од потење и триење;
    • за заштита на појава на црвенило и иритација на кожата во пеленската регија;
    • за нега на кожата после сончање.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка