Kaspersky Endpoint Security for Business - Core
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Супериорен anti-malware - Со комбинација од потпис-базирана детекција, модел-базирана технологија, проактивна одбрана и cloud-технологија, Kaspersky Endpoint Security за бизнис обезбедува значително подобрена детекција на малициозен софтвер, вклучувајќи заштита од најновите закани кои сè уште не се евидентирани во базата на податоци. Заштита на Вашиот систем од хакерски напади - Напредниот firewall Kaspersky – заедно со нашиот Host-based Intrusion Prevention System (HIPS) – помага да се заштитат компјутерите и серверите во Вашата мрежа, да се спречат натрапниците да пристапат во Вашиот систем и Вашите податоци. Милиони корисници… помагаат да се заштити Вашиот бизнис - Многу милиони корисници на Касперски се членови на cloud-форумот, со цел автоматски да соберат податоци од безбедносната мрежа Касперски (KSN) за можните инфекции или сомнително однесување на нивните системи. Секој ден се добиваат повеќе од 25 милиони примероци кои им овозможуваат на експертите на Касперски да ги анализираат новите ИТ-закани и да обезбедат навремено решение за нив. Брза распределба… лесно управување - Kaspersky Endpoint Security for Business CORE е преконфигуриран да започне заштита на Вашиот систем и податоци.... во моментот кога е инсталиран. Безбодноста е исто така овозможена со Kaspersky Security Center – конзола за централизирано управување што Ви овозможува полесно да го котролирате безбедносното решение. Флексибилност - Kaspersky Endpoint Security for Business CORE може да го приспособите на Вашите ИТ-потреби. Со додавање на едно или повеќе Kaspersky Targeted Security Solutions, може да имате целосно интегрирана заштита за складирање, виртуелизација, заштита за мобилни телефони, сервери, интернет-портали. Без разлика кој Kaspersky Targeted Security Solution ќе го изберете, секако Вие можете да ја управувате цела безбедносна мрежа преку – Kaspersky Security Center.
Категорија:Софтвер
Достапност:Има залиха
Продавач:Кабтел
Земја на потекло:Русија
Гаранција:1 година
профил на компанијата
Кабтел
- Опис на компанијата:КАБТЕЛ дооел - Скопје започна со своите деловни активности во септември 2001 година. И веќе полни 17 години успешно работи и ги опслужува и најспецифичните потреби на своите клиенти. Со квалитетно продуктно и услужно портфолио, како и со непосредната комуникација со клиентите, Кабтел во исклучително кус период се наметна како лидер на новиот бран на ИКТ услуги и експертизи, со што постави нови стандарди во работењето. Збогатувањето на крајниот продукт, бескомпромисната безбедност, сигурност, модуларност и скалабилност на решенијата со ефективна обука на клиентот се заштитниот знак на КАБТЕЛ. КАБТЕЛ заедно со своите реномирани партнери Nexans, Kaspersky Lab, Alcatel-Lucent, Dura-Line, Radio Frequency Systems, Lande, Zentyal, Cyberoam, Micros… е гаранција за квалитетнo интегрирани комуникациски системи овозможувајќи трансфер на знаење, искуство и технологија, а сето тоа на задоволство на нашите клиенти.
- Име на контакт лице:Кабтел
- Адреса:ул. Перо Наков бр. 1 (Управна зграда ЖАС 1ви кат)
- Поштенски број:1000 Скопје
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:02/3103230
- Факс #:02/3103240
- Година на регистрација:2001
- Број на вработени:53
- Локација на мапа:Прикажи