00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

МИКРОБИОЛОШКА КОНТРОЛА НА ВИНО


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Виното се добива преку процеси на ферментација. Гроздовиот слад се инокулира со квасна стартер култура и ферментациониот процес трае околу една недела. Во овој период шеќерот се конвертира во етанол. По завршување на оваа примарна ферментација следи секундарата која е побавна и при која се добива финалниот вкус и арома.

    И вината, како и сите други производи можат да се расипат или контаминираат. Анализите кое ги вршиме во нашиот центар за микробиолошка контрола на вино се наведени подолу.

    1.Одредување на вкупен број бактерии

    2. Детекција и броење на E. coli и колиформни бактерии на МФ

    3. Детекција и броење на Enterococcus spp. на МФ

    4. Детекција и броење на Pseudomonas spp. на МФ

    5. Детекција и броење на Salmonella spp. на МФ

    6. Детекција на сулфитредуцирачки клостридии на МФ

    7. Детекција и броење на квасци

    Hanseniaspora
    Issatchenkia
    Metschnikowia
    Pichia
    Saccharomyces
    Saccharomycodes
    Schizosaccharomyces
    Zygosaccharomyces
    Aspergillus (црни мувли)
    Botrytis (сиви мувли)
    Penicillium (сино-сиви мувли)
    8. Детекција и броење на бактерии:

    Lactobacillus
    Oenococcus
    Pediococcus
    Acetobacter
    9. Молекуларни метагеномски анализи
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Биоинженеринг

    • Опис на компанијата:Био Инженеринг Доо е специјализирана компанија за истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии во областа на екологија и индустриска биотехнологија, која изминатата година ја прошири својата дејност формирајќи Истражувачки центар за применета микробиологија и биотехнологија д-р Кунгуловски. Истражувачкиот центар спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми, а воедно се занимава и со научно-истражувачка дејност. Анализи кои ги врши истражувачкиот центар: • Микробиолошка контрола на храна • Микробиолошка контрола на вода • Микробиолошка контрола на вино • Микробиолошка контрола на органски ѓубрива, седименти, компост, минерали и др. • Микробиолошка контрола на козметички производи • Тестови од молекуларна биологија • Одредување на токсини • Микробиолошка контрола на садови, прибор и амбалажа за животни намирници, детски играчки, средства за одржување на хигиена во домаќинства, тутунски преработки • Други тестови. Во Центарот се врши изолирање на чисти култури микроорганизми (бактерии, квасци и мувли) и нивно умножување кои понатаму наоѓаат широка примена во системите за третман на комунални и индустриски отпадни води, во традиционалното и органското земјоделско производство како биофертилизатори, стимулатори на растењето, биопестициди, во сточарското производство како пробиотици и пребиотици и др. Био Инженеринг Доо е основана како приватна компанија во 1998 години во Скопје, а изминатата година беше добитник на кофинансирачки грант од Фондот за Иновации и Технолошки развој. Компанијата, исто така, е добитник на неколку национални и интернационални награди за патенти и пронајдоци и претставува редовен партнер-учесник во FP5, FP6, FP7 проекти. Јадрото на компанијата е составено од универзитетски професор (микробиологија и индустриска биотехнологија) и двајца доктори на науки. Тимот со своето богато искуство во земјата и странство може да ви помогне во сите елементи на производствениот технолошки процес, од
    • Име на контакт лице:Иван
    • Адреса:Иван Аговски 7-1
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070 454569
    • Телефон #:02 3070369



    023070369

    корисничка поддршка