00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

МИКРОБИОЛОШКА КОНТРОЛА НА ОРГАНСКИ ЃУБРИВА, СЕДИМЕНТИ, КОМПОСТ, МИНЕРАЛИ И ДР.


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Микроорганизмите се најбројните жители во сите слоеви на почвата. Тие имаат значајна улога во природата и учествуваат во процесите кои одржуваат рамнотежа во истата. Кружењето на материите е предуслов за живот на оваа планета, и токму микроорганизмите се оние кои се алка од синџирот на последователни процеси кои се случуваат. Тие ги разложуваат мртвите материи (од трупови од животни до уништени стебла од дрвја и листови) формирајки хумус. Бројот на микроорганизмите во почвата, како и некои други нејзини карактеристики, како што е хемискиот состав, се важни показатели за плодноста на земјата.

    Во нашиот центар може да ги добиете следните услуги:

    1. Детекција и броење на еколошки (физиолошки) групи бактерии во почва:

    нитрификатори,
    денитрификатори,
    азотофиксатори,
    амилолитички,
    целулолитички,
    фосфомобилизатори,
    фосфоминерализатори,
    актиномицети.
    2. Одредување на вкупен број бактерии на 30°C

    3. Детекција и броење на Enterobacteriaceae

    4. Детекција и броење на коагулаза позитивни стафилококи

    5. Детекција на сулфитредуцирачки клостридии

    6.Квасци

    7. Мувли

    8. Молекуларни метагеномски анализи
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Биоинженеринг

    • Опис на компанијата:Био Инженеринг Доо е специјализирана компанија за истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии во областа на екологија и индустриска биотехнологија, која изминатата година ја прошири својата дејност формирајќи Истражувачки центар за применета микробиологија и биотехнологија д-р Кунгуловски. Истражувачкиот центар спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми, а воедно се занимава и со научно-истражувачка дејност. Анализи кои ги врши истражувачкиот центар: • Микробиолошка контрола на храна • Микробиолошка контрола на вода • Микробиолошка контрола на вино • Микробиолошка контрола на органски ѓубрива, седименти, компост, минерали и др. • Микробиолошка контрола на козметички производи • Тестови од молекуларна биологија • Одредување на токсини • Микробиолошка контрола на садови, прибор и амбалажа за животни намирници, детски играчки, средства за одржување на хигиена во домаќинства, тутунски преработки • Други тестови. Во Центарот се врши изолирање на чисти култури микроорганизми (бактерии, квасци и мувли) и нивно умножување кои понатаму наоѓаат широка примена во системите за третман на комунални и индустриски отпадни води, во традиционалното и органското земјоделско производство како биофертилизатори, стимулатори на растењето, биопестициди, во сточарското производство како пробиотици и пребиотици и др. Био Инженеринг Доо е основана како приватна компанија во 1998 години во Скопје, а изминатата година беше добитник на кофинансирачки грант од Фондот за Иновации и Технолошки развој. Компанијата, исто така, е добитник на неколку национални и интернационални награди за патенти и пронајдоци и претставува редовен партнер-учесник во FP5, FP6, FP7 проекти. Јадрото на компанијата е составено од универзитетски професор (микробиологија и индустриска биотехнологија) и двајца доктори на науки. Тимот со своето богато искуство во земјата и странство може да ви помогне во сите елементи на производствениот технолошки процес, од
    • Име на контакт лице:Иван
    • Адреса:Иван Аговски 7-1
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070 454569
    • Телефон #:02 3070369



    023070369

    корисничка поддршка