00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Овошен чај јагода со ванила - филтер дуплекс 20 х 2 g


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Мешавина од одбрани билки како шипка, хибискус, плод од јаболко, портокал, ароматизирана со природни ароми на јагода и ванила. Уште во првиот момент кога ќе го подготвите чајот, ќе ве опкружи интензивен мирис на популарното дуо јагода и ванила. Во мирисот се препознаваат и ноти на агруми, од присутниот портокал во мешавината. Чајот е наменет за миговите на уживање и особено го препорачуваме во летните денови, свежо приготвен, врз коцки мраз, а со додаток на неколку капки рум. GOOD NATURE овошниот чај од јагода со ванила пријатно дејствува и кога имате проблеми со варењето на храната, како благ диуретик, а помага и за подобрување на циркулацијата. Чајот има слаткаст вкус, помалку киселкаст и освежителен, но со незаборавно пријатен мирис на свежо набрани јаготки. Уживајте во незаборавната напивка и вкусете го овошниот чај од јагода со ванила од GOOD NATURE!
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка