00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Овошен чај јаболко со цимет - филтер дуплекс 20 х 2 g


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Претставува мешавина од исушени јаболка и кора од цимет, дополнета со шипка, хибискус, крушка, липа. Плодот од јаболко е богат извор на растителни влакна и пектински материи кои придонесуваат за подобрено варење на храната, а според поновите сознанија и за намалување на ризикот од болести на срцето. Кората од цимет, додадена во комбинацијата, го потенцира природниот мирис на јаболкото, а воедно му обезбедува и особен и единствен вкус. Циметот е топол зачин, сладок и дејствува смирувачки. GOOD NATURE овошниот чај од јаболко со цимет е особено пријатна и ароматична напивка, а воедно и антисептик, одличен за борба против бактериите, со благо смирувачко дејство. Некаде во длабочината на вкусот ќе почувствувате и киселкаста нота, која доаѓа од шипката и хибискусот. Тие со својата витаминска вредност ја обезбедуваат свежината на напивката и обезбедуваат природна заштита за организмот. Ви го препорачуваме во секое време, а особено по оброкот, за да ви помогне при варењето на храната и да ве освежи, кога и да посакате!
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка