00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Овошен чај боровинка - филтер дуплекс 20 х 2 g


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Мешавина со исушени плодови и листови од боровинка со додаток на природна арома. Зрнестите плодови од боровинката имаат киселкасто-сладок вкус, помалку остар заради присутните танини, а нивната боја потекнува од пигментот антоцијан, кој поседува антиоксидантни особини. На овој пигмент му се припишуваат и други особини, како што е инхибицијата на развој на микроорганизми во цревниот тракт, кои предизвикуваат дијареја. Затоа не заборавајте на чајот од боровинка кога тргнувате на пат, а обезбедете го и во вашата домашна аптека, како помошно средство за третирање дијареја. Ако за време на ноќното возење не можете да се адаптирате на темнината, чајот од боровинка е токму за вас. Тој го подобрува видот, ги опушта напрегнатите очи и ја намалува чувствителноста при промена на интензитетот на светлина. Секако, можете да уживате во GOOD NATURE овошниот чај од боровинка и во жешките летни денови, приготвувајќи го како ледна напивка!
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка