Овошен чај брусница - филтер дуплекс 20 х 2 g
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Плодот од брусница (Vaccinium macrocarpon, Ericaceae) има долга историја на користење, најнапред кај нативните Американи па сè до искусните, при користење чај, Англичани. Расте на планините, во шумите, а последниве десеттина години, на енормно големи површини се култивира, од каде и комерцијално се користи. Свежите бобинки од брусница многу потсетуваат на плодовите од шипка, не само поради изгледот, туку и по вкусот. Имаат сладок вкус, со слабо кисела нота, а заради присутните танини, по малку и ја стегаат слузницата во устата. Брусницата изобилува со антоцијани, проантоцијанидини, флавоноли, органски киселини, танини, етерични масла, овошни шеќери и витамини. Брусницата е добар извор на витамините А, Ц, Б и на фолната киселина. Плодот од брусница содржи состојки кои го спречуваат слепувањето на уринарните бактерии на слузницата на уринарните патишта и на тој начин ги штитат од инфекции. Особено, како превентива, се препорачува за лица кои се подложни на вакви инфекции. Заради антиоксидативните особини, брусницата ги превенира заболувањата кои настануваат како резултат на оштетувањата од слободните радикали. Го зголемува нивото на HDL - холестеролот (добрата фракција на холестеролот), предизвикувајќи 40% - нo намалување на ризикот од срцеви заболувања. Брусницата и присутните антоцијанозиди благопријатно дејствуваат и на очите, значително подобрувајќи ги симптомите на катаракта и на дијабетичната ретинопатија. Поседува антибактериски особини и кон бактеријата Helicobacter pylori (бактерија која најчесто предизвикува чир на желудникот). На ист начин, брусницата го спречува и развојот на дентална плака, предизвикана од бактерии присутни во усната празнина и спречува заболувања на гингивите. Без сомнение, брусницата поволно дејствува на човечкото здравје, а GOOD NATURE овошниот чај од брусница, со својот пријатен вкус и мирис, нема да ве остави рамнодушни!
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи