00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Менструал микс


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Чајната мешавина од надземен дел на ајдучка трева, кора од врба, лист од нане, лист од маточина, надземен дел на мајчина душица, плод од сладок анасон, плод од калуѓерски бибер, корен од валеријана, надземен дел на пасифлора, плод од боровинка и од лист од рузмарин се препорачува за подобрување на симптомите при состојба на менструација. Билките во мешавината ја намалуваат надуеноста на стомакот, ги намалуваат грчевите во мазната мускулатура, со што ги олеснуваат менструалните болки, додека, пак, кората од врба со своето аналгетично дејство дополнително влијае за намалување на болките. Исто така, дел од билките влијаат и на општата состојба со своето благо седативно дејство. Менструал микс претставува вкусна комбинација за олеснување на менструалните болки.

    Свежо подготвениот чај се пие двапати на ден. Лицата пречувствителни на компонентите од мешавината треба да бидат внимателни со употребата на чајот. Поради присуството на кора од врба во мешавината, се препорачува консултација со доктор пред употреба на чајот за лица со чир на желудникот и на дванаесетпалечното црево, со болести на бубрезите или на црниот дроб и со астма. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација (доење). Да не се надминува препорачаната дневна доза.

    Достапен во пакување од 110 g
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка