00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Дијареал микс


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Чајната мешавина од кора од даб, ризом од срце-трева (петопрст), цвет од камилица, лист од нане, плод од боровинка, лист од јагода, ризом од иѓирот, лист од капина и од надземен дел на петровец помага за подобрување на симптомите при појава на дијареја. Сите билки од оваа мешавини, како главни компоненти, содржат танини, пред сѐ кондензирани танини, коишто со своето атстрингентно дејство (што стега), помагаат при состојби на дијареја. Билките нане и иѓирот, како и цветот од камилица, придонесуваат за нормална функција на интестиналниот тракт, а притоа ги намалуваат грчевите и надуеноста на стомакот, коишто се симптоми при оваа состојба.

    Препорачана дневна доза

    Свежо подготвениот чај се пие трипати на ден. Лицата пречувствителни на компонентите од мешавината треба да бидат внимателни со употребата на чајот. Чајната мешавина не смее да се пие повеќе од 3 дена. Доколку по 3 дена нема подобрување на состојбата, се препорачува консултација со доктор. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација (доење). Да не се надминува препорачаната дневна доза.

    Достапен во пакување од 130 g
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка