00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Мигрена микс


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Чајната мешавина од кора од врба, лист од нане, лист од маточина, вратика, цвет од камилица, цвет од липа и од лист од рузмарин се препорачува за подобрување на состојбте при мигренозни главоболки. Билките во мешавината ја намалуваат зачестеноста и ги олеснуваат мигренозните или обичните главоболки. Тие имаат особини да ги ублажуваат симптомите на вртоглавица и на гадење, со што се овозможува олеснување на состојбата.

    Препорачана дневна доза
    Свежо подготвениот чај се пие два пати на ден. Се препорачува континуирано користење на чајот во период од два месеца, по што следува пауза од три недели. Циклусот може да се повторува. Заради избегнување појава на несакани ефекти (главоболка, нервоза, замор) не се препорачува прекинување со консумирањето одеднаш, туку се препорачува чајната мешавина да се пие еднаш дневно последните две недели. Да не се надминува препорачаната доза. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација.
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка