Хеморо микс
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Чајната мешавина која во својот состав содржи надземен дел на ајдучка трева, кора од крушина, ризом од пиревина (пиреј), цвет од камилица, плод од боровинка, лист од капина, надземен дел на коњски опаш, ленено семе, корен од глуварче и плод од сладок анасон придонесува за ублажување на симптомите при појава на хемороиди. Голем дел од билките во мешавината го подобруваат варењето на храната, ја подобруваат перисталтиката (работата) на дебелото црево и ја омекнуваат столицата, при што ја прават погодна при појава на хемороиди. Дел од билките поседуваат и противвоспалително дејство, кое помага за подобрување на оваа состојба. Чајот, исто така, се препорачува и при состојби на крвавења од хемороиди, за запирање на крвавењето, и за смирување на болките при појава на хемороиди.
Препорачана дневна доза
Свежо подготвениот чај се пие двапати на ден. Поради присуството на кора од крушина, се препорачува употреба на чајната мешавина најдолго 2 недели, при што треба да следува пауза од 1 недела. Циклусот може да се повторува. Лицата пречувствителни на компонентите од мешавината треба да бидат внимателни со употребата на чајот. Се препорачува консултација со доктор или со фармацевт за лица коишто земаат и други лекови. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација (доење). Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Достапен во пакување од 110 g

Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи