00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Аргон


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Контакт: 02/2581 380; 070/217952. MKS H.F1.014 - Квалитет: 5.0 - Ar ≥ 99.999% vol. - O2 ≤ 0.0002% vol. - CO2 ≤ 0.0001% vol. - N2 ≤ 0.0005% vol. - H2 ≤ 0.0002% vol. - ПРОИЗВОДСТВО: Се добива со ректификација на течен воздух (кислородни фракции) на температура под -185°C - ИСПОРАКА: Во челични садови - боци, под притисок од 150 и 200 бара. - ОСОБИНИ: Во нормални услови аргонот е во гасна агрегатна состојба. Тој е инертен и не реагира под никои стандардни технолошки услови. Преминува во течна состојба на -186°C и 1.013 бари. - УПОТРЕБА: Во техниките на заварување, чист или во гасни смеши со CO, CO2, H2 и N2; Во металургијата за термичка обработка и производство на високолегирани челици, за заштита на одлвиците, за десулфуризација итн.; Во електрониката за производство на полупроводници, во нуклеарната техника итн. - УПОТРЕБА НА ГАСОТ: Употребата на аргонот под притисок како и употребата на течниот аргон подлежи на посебни прописи и мерки за заштита. - МАТЕРИЈАЛИ: За гасниот аргон можат да се употребуваат поголемиот број вообичаени материјали. За течниот аргон се препорачуваат аустенитни челици, алуминиум, бакар и легури, тефлон итн.
  • Категорија:Технички гас
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Месер Вардар Техногас

    • Опис на компанијата:Контакт: 02/2581 380; 075261262. MESSER е име на германска компанија кое повеќе од 100 години се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглеродендиоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши. Месер Вардар Техногас е формирана 1997 год. како фирма ќерка на Messer Group. Во моментов располагаме со погон за производство на јаглероден диоксид лоциран во Меџитлија- Битола, и полнилници за кислород, за јаглродендиоксид, за азот, за аргон и гасни смеши лоцирани во Скопје. Покрај останатата палета на производи и опрема за гасови со која располагаме, произведуваме и сув мраз. Месер Вардар Техногас има продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.
    • Име на контакт лице:Даниела
    • Адреса:Istocna industriska zona bb
    • Поштенски број:1040
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:071211696
    • Телефон #:022581380
    • Година на регистрација:1996
    • Број на вработени:40
    • Локација на мапа:Прикажи



    022581380

    корисничка поддршка