Кислород
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Контакт: 02/2581 380; 070/217952. MKS H.F1.010 - Квалитет: 2.5 - O2 ≥ 99.5% vol. - CO2 ≤ 0.0010 % vol. - CH ≤ 0.0020 % vol. - H2O ≤ 0.0010 % vol. - ПРОИЗВОДСТВО: Се добива со ректификација на течен воздух на температура под -185°C - ИСПОРАКА: Во челични садови - боци, под притисок од 150 и 200 бара. - ОСОБИНИ: Во нормални услови кислородот е во гасовита агрегатна состојба. Тој е неопходен за опстојувањето на живите суштества. Кислородот е силен оксиданс. Преминува во течна состојба на -183°C. (1.013 бари) - УПОТРЕБА: Во процесите на согорување заради постигнување на повисоки температури; Во металопреработувачката индустрија и металургијата за сечење и заварување, за интензивирање на технолошките процеси; Во индустријата за неметали за постигнување на повисоки температури; Во хемиската индустрија за производство на синтезни гасови; Во технологијата за заштита на животната средина Во други области како медицина, биолошките науки, прехранбената индустрија, научно-технички истражувања итн. - УПОТРЕБА НА ГАСОТ: Употребата на кислородот под притисок како и употребата на течниот кислород подлежи на посебни прописи и мерки за заштита. - МАТЕРИЈАЛИ: Не е дозволено контакт на кислородот со органски материи, масла и маснотии. За течниот кислород се препорачуваат аустенитни челици, алуминиум и легури, бакар и легури. Дозволена е употреба на флуорни полимери (тефлон). За гасниот кислород, под одредени услови е дозволена употреба на лесно легирани челици и легури на бакар и алуминиум.
Категорија:Технички гас , Медицински гасови
Достапност:Контакт
Продавач:Месер Вардар Техногас
профил на компанијата
Месер Вардар Техногас
- Опис на компанијата:Контакт: 02/2581 380; 075261262. MESSER е име на германска компанија кое повеќе од 100 години се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглеродендиоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши. Месер Вардар Техногас е формирана 1997 год. како фирма ќерка на Messer Group. Во моментов располагаме со погон за производство на јаглероден диоксид лоциран во Меџитлија- Битола, и полнилници за кислород, за јаглродендиоксид, за азот, за аргон и гасни смеши лоцирани во Скопје. Покрај останатата палета на производи и опрема за гасови со која располагаме, произведуваме и сув мраз. Месер Вардар Техногас има продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.
- Име на контакт лице:Даниела
- Адреса:Istocna industriska zona bb
- Поштенски број:1040
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:071211696
- Телефон #:022581380
- Година на регистрација:1996
- Број на вработени:40
- Локација на мапа:Прикажи