00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Осигурување од незгода


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Како може да се договори осигурување од несреќен случај (незгода)?
    Осигурувањето од незгода е доброволно осигурување на лица и се однесува на ризиците за здравјето и за животот на човекот. Постојат ризици надвор од контролата на луѓето, сепак она што секој човек може да го контролира е да одлучи навремено да направи осигурување, за себе и за блиските.

    Постојат голем број можности и нема ограничување доколку се одлучите за неколку полиси. Осигурувањето се склучува годишно и трае од денот на склучувањето на полисата. Територијално е неограничено. Може да се договори за траење 24 часа во денот, а може и само во работното време.

    Што содржи полисата за осигурување од незгода (несреќен случај)?
    Полисата за осигурување содржи осигурени ризици што како последица може да предизвикаат:

    траен инвалидитет и намалена работоспособност;
    смрт од несреќен случај;
    смрт од болест;
    трошоци за дневен надомест;
    трошоци за лекување.
    Осигурени суми за осигурени ризици по избор на клиентите!
    За секој ризик поединечно договараме осигурени суми. Од тие суми зависи надоместот од осигурувањето ако се случи несаканиот ризик. Затоа е важно да ја разгледате нашата понуда и да поразговарате со нашите стручни продавачи. Тие ќе ви направат оптимална понуда во согласност со вашите потреби и можности.

    Претходно треба да ги дадете потребните податоци и да одговорите на прашањата во понудата за лично осигурување од последици од несреќен случај.

    Дали осигурувањето од незгода е достапно за сите?
    Разгледајте неколку варијанти за да можете да одлучите за полисата за осигурување. Полисите меѓу себе се разликуваат во однос на ризиците што ги покриваат, како и во однос на лицата што се осигуруваат.

    Стапете во контакт со нашите агенти, застапници и брокери и одберете ја полисата што најмногу одговара на вашите потреби и можности и обезбедете сигурност.

    Осигурувањето се склучува во согласност со условите за осигурување од незгода и со посебни услови.
    Осигурувањето може да го склучите со траење од една година.
    Во полисата осигурените суми и премијата се искажуваат во денари.
    Со полисата ги добивате и општите услови за осигурување на лица од последици од несреќен случај (незгода), кои се составен дел на полисата за осигурување.
  • профил на компанијата

    Осигурување Македонија

    • Опис на компанијата: Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, за сигурност и за финансиска стабилност. Основано е во 1945 година како Државен осигурителен завод и познато како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со новото име – ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последното преземање во 2013 година, стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните текови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите. Обезбедуваме широк спектар на врвни решенија за осигурување и за реосигурување: имотни осигурувања; осигурување на лица од незгода (несреќен случај); осигурување на моторни возила; осигурување транспорт; осигурување одговорност; патничко осигурување. Мисија Обезбедуваме врвно осигурување за своите клиенти преку одлични полиси, најдобра услуга во продажбата на осигурување и при обесштетување. Ја цениме довербата на сите свои клиенти како највредно нешто и возвраќаме со супериорна и долгорочна финансиска стабилност и сигурност. Преку современ пристап и прием во осигурувањето, управувавме со ризиците фокусирано и со разбирање. Посветени сме на стручната поддршка на своите претставници од продажбата. Фокусирани сме на ефикасна услуга за клиентите. Покрај продажниот дел, особено сме горди на финансиски супериорната и квалитетна услуга при настаната штета од осигурен ризик. Вредности Корпоративното однесување во Виена Иншуренс Груп кон вработените, кон клиентите и кон акционерите е водено од начелото за кредибилитет и за интегритет, лидерството за мали и за големи прашања, задоволството на клиентите, разновидноста и од еднаквите можности. Осигурување Македонија во потполност ги негува корпоративните вредности на Групацијата: Кредибилитет и интегритет Веродостојноста и интегритетот се нашите главни приоритети. Секој од нас носи лична одговорност за највисоките стандарди на однесување, на кредиби
    • Име на контакт лице:Снежана Комненовиќ
    • Адреса:11-ти Октомври 25
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023115188
    • Факс #:023137154
    • Локација на мапа:Прикажи



    023115188

    корисничка поддршка