Опис на компанијата:
Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, за сигурност и за финансиска стабилност. Основано е во 1945 година како Државен осигурителен завод и познато како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со новото име – ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последното преземање во 2013 година, стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните текови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите.
Обезбедуваме широк спектар на врвни решенија за осигурување и за реосигурување:
имотни осигурувања;
осигурување на лица од незгода (несреќен случај);
осигурување на моторни возила;
осигурување транспорт;
осигурување одговорност;
патничко осигурување.
Мисија
Обезбедуваме врвно осигурување за своите клиенти преку одлични полиси, најдобра услуга во продажбата на осигурување и при обесштетување.
Ја цениме довербата на сите свои клиенти како највредно нешто и возвраќаме со супериорна и долгорочна финансиска стабилност и сигурност. Преку современ пристап и прием во осигурувањето, управувавме со ризиците фокусирано и со разбирање.
Посветени сме на стручната поддршка на своите претставници од продажбата. Фокусирани сме на ефикасна услуга за клиентите. Покрај продажниот дел, особено сме горди на финансиски супериорната и квалитетна услуга при настаната штета од осигурен ризик.
Вредности
Корпоративното однесување во Виена Иншуренс Груп кон вработените, кон клиентите и кон акционерите е водено од начелото за кредибилитет и за интегритет, лидерството за мали и за големи прашања, задоволството на клиентите, разновидноста и од еднаквите можности. Осигурување Македонија во потполност ги негува корпоративните вредности на Групацијата:
Кредибилитет и интегритет
Веродостојноста и интегритетот се нашите главни приоритети. Секој од нас носи лична одговорност за највисоките стандарди на однесување, на кредиби
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје