00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Осигурување на домаќинства


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Тој е нашата животна приказна, во него се преплетуваат нашето минато и иднина. Во домот постојано вложуваме, а забораваме колку лесно може да го изгубиме. Затоа е потребно осигурување што ќе ни обезбеди материјална сигурност од непожелни и ненадејни настани, било да се работи за човечки фактор или за огромната сила на природата.

    Осигурувањето на домаќинство на Осигурување Македонија е понуда од три различни осигурителни полиси скроени да ги задоволат вашите потреби, можности и начин на живот и во голема мера да ги намалат последиците при можните штети:

    економична полиса;
    проширена полиса;
    специјална полиса.
    Осигурајте го домаќинството од:
    пожар;
    гром;
    експлозија;
    луња во смисла на ветер со брзина поголема од 62 км/час;
    паѓање на летала;
    провална кражба и разбојништво;
    излевање вода од инсталации;
    удар од возило;
    вандализам;
    тежина на снег и на мраз;
    штети на инсталациите;
    поплава, порој и висока вода;
    свлекување на земјиште;
    снежна лавина;
    земјотрес.

    Се осигуруваат градежните објекти и покуќнината.

    Можност за плаќање на премијата на 12 рати.

    Плаќањето може да се изврши и со траен налог.

    Осигурувањето се склучува според условите за осигурување на домаќинство.
  • профил на компанијата

    Осигурување Македонија

    • Опис на компанијата: Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, за сигурност и за финансиска стабилност. Основано е во 1945 година како Државен осигурителен завод и познато како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со новото име – ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последното преземање во 2013 година, стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните текови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите. Обезбедуваме широк спектар на врвни решенија за осигурување и за реосигурување: имотни осигурувања; осигурување на лица од незгода (несреќен случај); осигурување на моторни возила; осигурување транспорт; осигурување одговорност; патничко осигурување. Мисија Обезбедуваме врвно осигурување за своите клиенти преку одлични полиси, најдобра услуга во продажбата на осигурување и при обесштетување. Ја цениме довербата на сите свои клиенти како највредно нешто и возвраќаме со супериорна и долгорочна финансиска стабилност и сигурност. Преку современ пристап и прием во осигурувањето, управувавме со ризиците фокусирано и со разбирање. Посветени сме на стручната поддршка на своите претставници од продажбата. Фокусирани сме на ефикасна услуга за клиентите. Покрај продажниот дел, особено сме горди на финансиски супериорната и квалитетна услуга при настаната штета од осигурен ризик. Вредности Корпоративното однесување во Виена Иншуренс Груп кон вработените, кон клиентите и кон акционерите е водено од начелото за кредибилитет и за интегритет, лидерството за мали и за големи прашања, задоволството на клиентите, разновидноста и од еднаквите можности. Осигурување Македонија во потполност ги негува корпоративните вредности на Групацијата: Кредибилитет и интегритет Веродостојноста и интегритетот се нашите главни приоритети. Секој од нас носи лична одговорност за највисоките стандарди на однесување, на кредиби
    • Име на контакт лице:Снежана Комненовиќ
    • Адреса:11-ти Октомври 25
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023115188
    • Факс #:023137154
    • Локација на мапа:Прикажи



    023115188

    корисничка поддршка