00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Моторни возила Автомобилска одговорност и зелена карта


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Автомобилска одговорност
    Законски задолжително осигурување при регистрацијата на сите патнички возила, товарни возила, автобуси, влечни возила, специјални возила, мотоцикли, приклучни возила, работни возила и возила со странска регистрација.

    Со оваа полиса е осигурена вашата одговорност за штетите што со своето возило може да ги направите на „трети лица“, односно на други учесници во сообраќајот. Во предвидени осигурени случаи, Осигурување Македонија ја презема одговорноста за надомест на штетата кон „трети лица“.

    Зелена карта
    Како клиент со полиса за АО (автоодговорност) од Осигурување Македонија, ако патувате со своето возило во странство, треба да имате ЗЕЛЕНА КАРТА од Осигурување Македонија, која е достапна на сите наши продажни места; зелената карта е полиса што ја осигурува вашата одговорност како возач на вашето возило во други земји.
  • профил на компанијата

    Осигурување Македонија

    • Опис на компанијата: Осигурување Македонија а.д. Скопје - Виена Иншуренс Груп е симбол за осигурување во Македонија, како и за доверба, за сигурност и за финансиска стабилност. Основано е во 1945 година како Државен осигурителен завод и познато како ДОЗ, ЗОИЛ, КЈУБИ и сега со новото име – ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА. Со последното преземање во 2013 година, стана дел од Vienna Insurance Group (VIG). Компанијата има големо искуство и познавање на осигурителната индустрија и успешно се усогласува со модерните текови на пазарот, што обезбедува најдобра услуга и квалитетна осигурителна понуда за клиентите. Обезбедуваме широк спектар на врвни решенија за осигурување и за реосигурување: имотни осигурувања; осигурување на лица од незгода (несреќен случај); осигурување на моторни возила; осигурување транспорт; осигурување одговорност; патничко осигурување. Мисија Обезбедуваме врвно осигурување за своите клиенти преку одлични полиси, најдобра услуга во продажбата на осигурување и при обесштетување. Ја цениме довербата на сите свои клиенти како највредно нешто и возвраќаме со супериорна и долгорочна финансиска стабилност и сигурност. Преку современ пристап и прием во осигурувањето, управувавме со ризиците фокусирано и со разбирање. Посветени сме на стручната поддршка на своите претставници од продажбата. Фокусирани сме на ефикасна услуга за клиентите. Покрај продажниот дел, особено сме горди на финансиски супериорната и квалитетна услуга при настаната штета од осигурен ризик. Вредности Корпоративното однесување во Виена Иншуренс Груп кон вработените, кон клиентите и кон акционерите е водено од начелото за кредибилитет и за интегритет, лидерството за мали и за големи прашања, задоволството на клиентите, разновидноста и од еднаквите можности. Осигурување Македонија во потполност ги негува корпоративните вредности на Групацијата: Кредибилитет и интегритет Веродостојноста и интегритетот се нашите главни приоритети. Секој од нас носи лична одговорност за највисоките стандарди на однесување, на кредиби
    • Име на контакт лице:Снежана Комненовиќ
    • Адреса:11-ти Октомври 25
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023115188
    • Факс #:023137154
    • Локација на мапа:Прикажи



    023115188

    корисничка поддршка