00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Специјализиран тренинг за среден менаџмент - 1 ниво


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Цел на специјализираниот тренинг
    Специјализираниот тренинг има за цел да одговори на специфичните потреби на раководителите од средно ниво така што нуди знаење, вештини и техники за ефикасно раководење на вработените, успешно балансирање на индивудуалните задачи со барањата на претпоставените од повисоко ниво, притоа сведувајќи го нивото на стрес на минимум.

    Опфат-теми:
    - Менаџерски “совети и трикови”
    - Улогата на средниот менаџмент во рамки на хиерархијата
    - Принципи и комуникациски вештини за ефективен тренинг
    - Активно слушање и ефективно поставување на прашања

    Целна група
    Специјализираниот тренинг е наменет за сите раководители од средно ниво, без разлика дали станува збор за помала бизнис организација или поголема компанија. Наменет е за сите оние кои раководат со тим, а истовремено за своето работење одговараат кај претпоставен од повисоко ниво.

    Методологија на работа
    Специјализираниот тренинг има интерактивен карактер, со практична и применлива методологија како и користење на визуелни алатки (LCD проектор, smart табла, флип-чарт и сл.) Тренингот се одвива со физичко присуство.

    Материјали
    Презентациски материјал, практични вежби како и други дополнителни материјали.

    Времетраење
    Специјализираниот тренинг соджи 4 посебни модули/теми, времетраење до 5 часа по модул/тема во утврдени термини/датуми, согласно календар на активности. Динамика на одржување на модулите е еднаш неделно, односно во период од 4 недели.

    По завршување на специјализираниот тренинг се добива Сертификат за учество.
    Цена: 600 евра + ддв во денарска противвредност.
    Повеќе информации и пријавување на: моб: 075 255 899 или на e-mail: dbojkova@ceed-macedonia.org
  • Достапност:Има залиха
  • профил на компанијата

    ЦЕЕД Македонија

    • Опис на компанијата:CEED Бизнис клубот во Македонија е платформа за вмрежување и до-едукација на бизнисмени, односно единствен бизнис клуб од ваков тип со 15 години традиција, кој нуди комбинација на формалнa и неформалнa едукација во рамки на платформата, но само на внимателно избрани претприемачи и компании кои делат иста визија, односно верување дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да ја трансформираме бизнис климата и инспирираме полово еднаква, претприемачки ориентирана младина. Од постоечкото членство броиме близу 100тина компании и статистиката следствено е: - Просечен број на вработени на членките – 55 - Просечно време на членување – 7 години - Застапеност по сектори: IT сектор – 18%, Finance сектор - 14%, Food and/or Marketing -10%. - Просечни годишни приходи по членка = 2,7 mil EUR
    • Име на контакт лице:Александар Богески
    • Адреса:Орце Николов 202-1/36
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:02 3079911
    • Телефон #:02 3079191
    • Локација на мапа:Прикажи



    023079191

    корисничка поддршка