00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Обука Специјалист за продажба


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Доколку посакувате во наредните неколку години да станете специјалист за продажба присуството на оваа обука е првиот чекор кон големата цел.

    Обуката за Специјалист за продажба е посебно дизајнирана програма, наменета за насочување и почеток на едукација на невработени, студенти или вработени лица што сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во областа на продажбата во наредните минимум три (3) години во рамките на комерцијалните секторите и одделенијата за продажба во компаниите или како основачи на свои сопствени компании за продажба или услуги во продажбата .

    Мотива Ве поканува за учество во живо on-line (преку Zoom) на 4-дневна обука за вештини, алатки, знаење и начин на размислување кои ви се потребни за да станете специјалист за продажба во наредните години:

    Обука за Специјалист за продажба

    Обуката е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој

    Обуката е организирана во шест модула кои овозможуваат развој на нови вештини во областа на продажните вештини кои заедно со другите извори на учење и практична работа во наредните години ќе им помогнат на учесниците на обуката специјализирање и професионален развој во секторите за продажба или развој на свои сопствени бизниси во продажбата.

    Обуката трае 4 дена по 2,5 часа на ден и е исполнета со активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент игри, повеке спикери, панели, работа во помали тимови.
    Секој учесник добива сертификат за завршена обука.

    Програмата на обуката за Специјалист за продажба опфаќа 6 модули со следниве содржини:

    1.Значењето на продажбата и вештини на успешните професионалци во продажбата
    2.Фактори за успех во продажбата( сопствен производ, купувачи, конкуренција,)
    3.Продажни методи и техники за остварување на продажба
    4.Градење односи со купувачите (развивање план за бизнис -анализа на индустријата и територијата, сегментација), работа со клучни купувачи
    5.Стратегии и тактики на преговарање во продажбата
    6.Ставање се заедно – Стратегии за успех

    На крајот од обуката секој учесник пополнува и свој акционен план за понатамошно учење и специјализирање во областа на продажбата.

    Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358 680 и 02 / 3 061 114.
  • Достапност:Онлајн
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    МОТИВА –Центар за менаџмент консалтинг, образование и обука

    • Опис на компанијата:Мотива има преку 20 години искуство во дизајнирање и изведување на менаџмент обуки и до сега голем број учесници имаат посетувано најразлични видови обуки. Ние сме специјализирани во испорачување на обуки во делот на комуникациски вештини, градење доверба, мотивација на вработени, ангажираност на вработени, тимска работа, маркетинг, продажни вештини, грижа за корисници, финансии, управување со промени, лидерство, стратешко планирање, управување со време и ефективно водење состаноци, управување со човечки ресурси, емоционална интелигенција, менторство и подучување / советување (coaching), преговарање, делегирање, донесување одлуки и решавање проблеми, управување со ланец на снабдување, управување со проектен циклус, дигитални и ИТ обуки, обука за предавачи, управување со конфликти, управување со стрес, грижа за себе и добростоење и други теми од областа на менаџментот и лидерството. Ние сме тим на посветени професионалци кои имаат за цел да ги унапредат капацитетите и да ги подобрат перформансите на индивидуалните лица, компаниите, владините институции и меѓународните организации.
    • Име на контакт лице:Зорица
    • Адреса:Ул. Лондонска 11б
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070 358680
    • Телефон #:02 3061114
    • Локација на мапа:Прикажи



    023061114

    корисничка поддршка