00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Обука Специјалист за набавки


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Доколку посакувате во наредните години да станете специјалист за набавки, присуството на оваа обука е првиот чекор кон големата цел.

    Обуката за Специјалист за набавки е посебно дизајнирана програма, наменета за насочување и почеток на едукација на невработени и студенти што сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во набавките во наредните неколку години во рамките на секторите и одделенијата за набавки во јавниот и приватен сектор.

    Мотива Ве поканува за учество во живо on-line (преку Zoom) на 4-дневна обука за вештини, алатки, знаење и начин на размислување кои ви се потребни за да станете специјалист за набавки:

    Обука за Специјалист за набавки

    Обуката е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој

    Обуката е организирана во шест модула кои овозможуваат развој на нови вештини во областа на набавките кои заедно со другите извори на учење и практична работа во наредните минимум три години ќе им помогнат на учесниците на обуката во специјализирање и професионален развој во секторите и одделенијата за набавки или во отворање на свој сопствен бизнис во областа на набавките.

    Обуката трае 4 дена по 2,5 часа на ден и е исполнета со активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент игри, повеке спикери, панели, работа во помали тимови. Секој учесник добива сертификат за завршена обука.

    Програмата на обуката за Специјалист за набавки опфаќа 6 модули со следниве содржини:

    1.Улогата на набавката во ланецот на создавање вредности, нови трендови во набавките, Е-набавки
    2.Управување со процесот на набавките
    3.Организација и структура во набавките
    4.Донесување на одлуки во набавките (наоѓање добавувачи, нивно евалуирање, преговарање)
    5.Методи за управувањето со ризици како клуч за ефективноста на набавките
    6.Мерење на перформансите и одржливи набавки со случај од пракса

    На крајот од обуката секој учесник пополнува и свој акционен план за понатамошно учење и специјализирање во областа на набавките.

    Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358 680 и 02 / 3 061 114.
  • Достапност:Онлајн
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    МОТИВА –Центар за менаџмент консалтинг, образование и обука

    • Опис на компанијата:Мотива има преку 20 години искуство во дизајнирање и изведување на менаџмент обуки и до сега голем број учесници имаат посетувано најразлични видови обуки. Ние сме специјализирани во испорачување на обуки во делот на комуникациски вештини, градење доверба, мотивација на вработени, ангажираност на вработени, тимска работа, маркетинг, продажни вештини, грижа за корисници, финансии, управување со промени, лидерство, стратешко планирање, управување со време и ефективно водење состаноци, управување со човечки ресурси, емоционална интелигенција, менторство и подучување / советување (coaching), преговарање, делегирање, донесување одлуки и решавање проблеми, управување со ланец на снабдување, управување со проектен циклус, дигитални и ИТ обуки, обука за предавачи, управување со конфликти, управување со стрес, грижа за себе и добростоење и други теми од областа на менаџментот и лидерството. Ние сме тим на посветени професионалци кои имаат за цел да ги унапредат капацитетите и да ги подобрат перформансите на индивидуалните лица, компаниите, владините институции и меѓународните организации.
    • Име на контакт лице:Зорица
    • Адреса:Ул. Лондонска 11б
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070 358680
    • Телефон #:02 3061114
    • Локација на мапа:Прикажи



    023061114

    корисничка поддршка