00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Обука Специјалист за маркетинг


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Доколку посакувате во наредните неколку години да станете специјалист за Маркетинг, присуството на оваа обука е првиот чекор кон големата цел.

    Обуката за Специјалист за маркетинг е посебно дизајнирана програма, наменета за насочување и почеток на едукација на невработени и студенти што сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во маркетингот во наредните неколку години во рамките на секторите и одделенијата за маркетинг во јавниот и приватен сектор или во свој бизнис за маркетинг услуги.

    Мотива Ве поканува за учество во живо on-line (преку Zoom) на 4-дневна обука за вештини, алатки, знаење и начин на размислување кои ви се потребни за да станете специјалист за маркетинг:

    Обука за Специјалист за маркетинг

    Обуката е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој

    Обуката е организирана во шест модула кои овозможуваат развој на нови вештини во областа на маркетингот кои заедно со другите извори на учење и практична работа во наредните години ќе им помогнат на учесниците на обуката во специјализирање и професионален развој во секторите и одделенијата за маркетинг или во отворање на свој сопствен бизнис за нудење услуги во областа на маркетингот.

    Обуката трае 4 дена по 2,5 часа на ден и е исполнета со активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент игри, повеке спикери, панели, работа во помали тимови.
    Секој учесник добива сертификат за завршена обука.

    Програмата на обуката за Специјалист за маркетинг опфаќа 6 модули со следниве содржини:

    1.Улогата, функциите и иднината на маркетингот – Предизвици во наредниот период
    2.Разбирање на 4П поврзани со вашиот производ/услуга и барањата на купувачите
    3.Животниот циклус на производот и маркетинг стратегиите
    4.SWOT анализа и анализа на пазарот, Позиционирање на вашиот производ/услуга
    5.Употреба на различни комуникациски канали за промоција
    6.Развој на маркетинг план и ставање се заедно – Стратегии за успех – Акционен План

    На крајот од обуката секој учесник пополнува и свој акционен план за понатамошно учење и специјализирање во областа на маркетингот.

    Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358 680 и 02 / 3 061 114.
  • Достапност:Онлајн
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    МОТИВА –Центар за менаџмент консалтинг, образование и обука

    • Опис на компанијата:Мотива има преку 20 години искуство во дизајнирање и изведување на менаџмент обуки и до сега голем број учесници имаат посетувано најразлични видови обуки. Ние сме специјализирани во испорачување на обуки во делот на комуникациски вештини, градење доверба, мотивација на вработени, ангажираност на вработени, тимска работа, маркетинг, продажни вештини, грижа за корисници, финансии, управување со промени, лидерство, стратешко планирање, управување со време и ефективно водење состаноци, управување со човечки ресурси, емоционална интелигенција, менторство и подучување / советување (coaching), преговарање, делегирање, донесување одлуки и решавање проблеми, управување со ланец на снабдување, управување со проектен циклус, дигитални и ИТ обуки, обука за предавачи, управување со конфликти, управување со стрес, грижа за себе и добростоење и други теми од областа на менаџментот и лидерството. Ние сме тим на посветени професионалци кои имаат за цел да ги унапредат капацитетите и да ги подобрат перформансите на индивидуалните лица, компаниите, владините институции и меѓународните организации.
    • Име на контакт лице:Зорица
    • Адреса:Ул. Лондонска 11б
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070 358680
    • Телефон #:02 3061114
    • Локација на мапа:Прикажи



    023061114

    корисничка поддршка