Физиотопка во форма на кикирика 55 см
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Физиотопка во форма на кикирика, која се користи за вежбање и терапевтски за лица кои имаат проблеми со рамнотежата и координацијата. Обликот на топката овозможува децата или возрасните да ги активираат мускулите на јадрото и да го подобрат држењето на телото.Оваа топка има поголема стабилност од стандардните физиотопки со ограничување на движењето напред и назад.
Категорија:Медицински помагала , Грижа за здравје
Достапност:Контакт
Продавач:Медикус Хелп
профил на компанијата
Медикус Хелп
- Опис на компанијата:Основна програма во работењето на Медикус Хелп е програмата на ортопедските помагала. Важноста на ортопедските помагала во секојдневието на луѓето чиј живот ненадејно или постепено се изменил е огромна. Ортопедските помагала се помош во извршувањето на секојдневните обврски, овоможуваат движење, седење, надоместуваат физички недостаток, даваат шанса за поквалитетен живот. Тоа беше една од причините да започнеме со дејноста увоз и дистрибуција на ортопедски помагала. Определбата на Медикус Хелп е понудата на ортопедски помагала за македонскиот граѓанин да биде поразноврсна и поквалитетна. Нашата цел е да понудиме квалитетна и врвна услуга. Сакаме доколку постои болест, било привремена или трајна да ја олесниме со соодветно помагало, кое ќе значи подобро секојдневие. Желба ни е и да помогнеме во превенцијата од појава на деформитети кај младата популација. Увезуваме најквалитетни и најсовремени сертифицирани ортопедски помагала. Претставници сме на реномирани светски производители. Редовно ги посетуваме светските саеми, ги следиме новините и трендовите во светот на ортопедските помагала и постојано го зголемуваме нашиот асортиман. За да овозможиме полесна пристапност на ортопедските помагала ширум Македонија отворивме 10 специјализирани продавници. Константно работиме на усовршување на нашиот кадар преку едукации и курсеви кои ги организираат нашите добавувачи и нашиот стручен кадар. Имаме склучено и Договор со Фондот за здравствено осигурвање на Р.Македонија, што на осигурените лица им овозможува на поевтин и поедноставен начин да дојдат до потребното помагало. Задоволството на купувачот е нашиот најголем успех. Специјализирани продавници: Скопје 02/ 3130 015 Бел Камен 7 (Водно) Скопје 02/2447017 Бул. Јане Сандански 9 ( Три Бисери) Битола 047 /236 530 Маршал Тито 113 (Широк Сокак) Охрид 046/ 271 005 Гоце Делчев бб (ЈЗО Св. Еразмо) Тетово 044/ 342 259 Комплекс Базар локал 22 Штип 032/ 382 070 Кеј Маршал Тито 144 Прилеп 048/ 420 482 Гоце Делчев 6 Велес 043/ 211 509 Васил Горгов 1 Кавадарци 043/ 411
- Име на контакт лице:Марија Ѓорѓиовска
- Адреса:Јадранска Магистрала 165A (Визбегово)
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:070260864
- Телефон #:02 314 3333
- Факс #:023130015
- Локација на мапа:Прикажи