00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Бовнова терапија 1-5 третмани


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Bowen-ова терапија е австралиска метода, вид на мануелна терапија, при која терапевтот употребува нежни движења и потези за физичко и енергетско стимулирање на телото. Основа на терапијата се т.н. Бовнови потези, кои терапевтите ги изведуваат на специфични локации на мускулите, тетивите, фасциите и индиректно на нервите. Почетната стимулација, односно дразба, се изведува на површинската фасција, која директно ги пренесува импулсите на останатите регулаторни системи во телото, кои започнуваат трансформациски процеси на моменталните и старите стресни ситуации.
    Истражувањата покажале дека оваа терапија има исклучителни ефекти на автономниот нервен систем, делот од нервниот систем кој делува независно од нашата волја. Овој дел од нервниот систем регулира околу 80% од сите функции во нашето тело. Овој систем се состои од два дела, симпатикус и парасимпатикус. Симпатикусот е оној дел кој претежно делува стимулативно, и го подготвува нашето тело на „напнатост, подготвеност, напад и борба“ (адреналинска реакција). Ако животот го живееме со постојана или доминантна активност на овој дел, невозможно е да се постигне рамнотежа. Денешниов начин на живеење, со премногу стрес и напнатост, токму тоа и го предизвикува. Од тука и сета напнатост, нетрпеливост, нервоза, хиперактивност и внатрешен немир кај денешниот човек. Заради тоа мора да биде активен и „инхибиторниот“ дел на автономниот нервен систем, парасимпатикус. Бовновата терапија предизвикува привремена парасимпатичка предоминација над симапикусот, со што се обезбедува можност за рамнотежа, која што нашето тело брзо ја препознава и започнува процес на урамнотежување.
    Бовновите потези брзо даваат видно намалување на напнатоста во мускулните влакна и мускулните обвивки. Меѓуклеточната течност во сврзното ткиво дури и со краткотраен и нежен притисок се трансформира од желатинозен во потечен облик и пофлексибилна состојба. Тоа е причина за подобра хидратација на ткивата, подобра лимфна циркулација и размена, одстранување на енергетските блокади и намалување на притисокот врз периферните нерви, што е причина за намалување на болките, намалување на отоците и подобрена подвижност.
    Особено е корисна и ефикасна кај трауматските повреди и хроничните заболувања. Особено добри резултати се забележуваат кај состојби со:
    1. болки во грбот (сколиоза, остеоартритис, дископатија, ишијас, проблеми со вратот и сл.)
    2.акутни и хронични проблеми со меките ткива (смрзнато рамо, тениски или голферски лакт, синдром на карпалниот тунел, миофасцијален синдром...)
    3.акутни и хронични спортски повреди
    4.разни видови главоболки и мигрени
    5.проблеми во дишниот, дигестивниот, репродуктивниот и хормонскиот систем, како комплементарна метода
    6.акутен и хроничен замор и стрес
    7.проблеми со темпоромандибуларниот зглоб
    8.како рехабилитационо средство по операции, долготраечки и исцрпувачки хронични болести
    9.бовновата терапија е одлично превентивно средство кај луѓето од сите возрасти
    10.колики кај доенчињата (стомачни грчеви кај бебињата)
    11.аутизам, АСД, АДХД, Аспергеров синдром, Хиперактивност, Церебрална парализа, односно кај лица со развојни пореметувања
    и уште цела низа други заболувања, кај кои се забележани одлични резултати со примената на оваа техника.
    Бовновата техника се почесто се употребува и за намалување или подобрување на симптомите кај:
    1.паркинсонова болест
    2.мултипла склероза
    3.синдром на хроничен замор
    4.миофасцијален синдром и синдром на фибромијалгија
    5. и други системски заболувања.
    Исто така е можна нејзина примена за детоксикација кај зависници од дроги и алкохол, како и детоксикација и побрзо одстранување на различни хемиски материи и лекови, кои се примаат подолг временски период, особено кај хроничните болни на редовна терапија.
    Речиси и да не постојат контраиндикации, кои би ја ограничиле употребата на оваа техника. Бидејќи станува збор за исклучително нежна и ефикасна техника, лесно ја поднесуваат, како возрасните, така и малите деца. Соодветна и многу ефикасна техника е и за бремените жени.
    Бовеновата терапија може да се употребува како целосна терапија, кога го обработуваме целото тело или поединечна, делумна, кога се насочуваме само на проблематичниот дел. Целосниот третман трае околу 60 мин., додека пак делумните третмани од 15-30 мин. во зависност од потребите и барањата на странката.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Студио Алтернатива

    • Опис на компанијата:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Име на контакт лице:Dejan
    • Адреса:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:078/429295
    • Телефон #:02/6150369
    • Локација на мапа:Прикажи



    026150369

    корисничка поддршка