00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Туина кинеска медицинска масажа


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Туи-на е кинеска медицинска масажа и е значаен дел од традиционалната кинеска медицина(ТКМ). Се заснова на филозовскиот концепт на ТКМ за животот и здравјето, кој темели на теориите за Јин и Јанг, теоријата на петте елементи, животната енергија-Qi и меридијаните, каналите по кои таа циркулира.
    Делува на целиот организам, како рехабилитирачки така и превентивно. Делува на имуниот систем, ефикасна е при напнатост и болки во мускулите и зглобовите, а пред се се употребува при хронични болки и состојби како што се: главоболка, мигрена, несоница, замор, стрес, проблеми со системот за варење, ладни нозе, задржување на вода во организмот, болки во крстот, проблеми со ’рбетот, менструални и уринарни проблеми, мускулна напнатост и грчеви, хипертензија, хипотензија и друго. Ефикасна е како површински на кожата, така и длабински на мускулите, тетивите, лигаментите и внатрешните органи. Основната терапевтска ориентација е кон воспоставување на слободен проток на енергијата(Qi) низ енергетските канали-меридијани.Со туи-на масажата мануелно влијаеме да се подобри енергетскиот проток, односно да се одстранат блокадите настанати заради влијанието на најразличните патогени фактори во секојдневниот живот, како што се:
    • долготрајна емотивна состојба на жалост, страв, грижа, гнев, лутина
    •несоодветна, прекумерна или пак недоволна исхрана
    •несоодветна физичка активност
    •замор, стрес и преоптоварување
    Туи-на е пред се начин за повторно воспоставување на нарушената рамнотежа во телото, секогаш кога тоа е потребно. Масажата го подобрува протокот на енергија, кој е блокиран заради влијанието на патогените фактори, и на тој начин ги подобрува здравјето и виталноста. Изворната, оригиналната кинеска масажа се изведува на облечен пациент, на западните простори пак, таа е адаптирана како масажа со масла, заради воспоставување непосреден контакт со кожата на пациентот.
    Се употребуваат цврсти и одлучни масажни техники и манипулации, од енергична природа, кои влијаат релаксирачки. Масажата пред се е пријатно доживување кое го ослободува човекот од болката, проблемите, напнатоста и стресот. Многупати ја комбинираме со најразлични техники и помагала (артикулаторни техники-манипулации, акупресура, гуа-ша, вентузи, мокси, топли камења, креми, билни/хербални снопчиња), се со цел да се зголемат и нагласат нејзините ефекти.
    Ви нудиме делумна туи-на масажа (‘рбет, нозе, раце, рамо, врат, глава и др.), како и масажа на целото тело, која трае од 60-90 мин.

    Цени за 60/80: 1200/1500 ден.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Студио Алтернатива

    • Опис на компанијата:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Име на контакт лице:Dejan
    • Адреса:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:078/429295
    • Телефон #:02/6150369
    • Локација на мапа:Прикажи



    026150369

    корисничка поддршка