00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

СОФТВЕР ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА - HELIX-L - Зонел Софтвер


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Програм за пресметка на плата, договор за дело, бенефициран стаж, повеќе боледувања во ист месец, …

    Овој софтверски пакет може да функционира независно или како дел од софтверот за сметководствено работење – HELIX-K со можноста за автоматско книжење на плата.

    Главни карактеристики:

    Функционира секогаш во согласност со најновите законски регулативи во Република Македонија
    Едноставен пристап на функционирање.
    Едноставно и брзо надградување преку интернет
    Целосно може да се конфигурира од корисниците и нема потреба од интервенција на програмери.
    Целосно прилагоден на концептот на Бруто плата

    Прилагоден на законските одредби за пресметка на плата:

    Редовни часови, Прекувремена работа, Работа на празник, Ноќна работа, Минат труд, Додатоци на плата, Боледување, Годишен одмор, Специјални услови
    Овозможува комплетно автоматско поврзување со МПИН софтверот на УЈП.
    Автоматско креирање на годишна даночна пријава за потребите на УЈП. Може да се креира во печатена или електронска форма.

    Извештаи:

    Врз основа на внесените податоци во пресметката на плата, се креираат следните извештаи: Преглед за евиденција на вработени, План за трошоци. Овие извештаи се исто така во електронска форма.
    Може исто така да се креираат мноштво на извештаи за вработените, список на казнети, нето и бруто примања, отсуства...

    Се' не едно место, во еден програм за плата!
    http://www.zonel.com.mk/presmetka-plata/
  • Продавач:Зонел Софтвер
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Зонел Софтвер

    • Опис на компанијата:http://www.zonel.com.mk/ Зонел Софтвер е софтверска компанија која постои од 1994 година. Нашите решенија ги користат преку 1550 клиенти од најразличен профил – трговија, услуги, производство, книговодство, угостителство, маркетинг, државни институции, банки и други финансиски институции. Наша специјалност се програми за сметководствено, материјално и комерцијално работење со изобилство од менаџерски ориентирани извештаи за продажба. Нашите софтверски решенија се применливи во секој вид на компанија или индустрија. Нашата мисија е да ги реализираме потребите на нашите Корисници и да испорачаме решенија кои ги интегрираат тие потреби во нашите софтверски решенија. Во Зонел Софтвер ние не испорачуваме само софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија. Затоа, апсолутно можете да се потпрете на фактот дека не сте „само уште еден клиент“. Ќе добиете една од најперсонализираните услуги кои некогаш сте имале прилика да ги добиете и не само заради фактот што тоа е правило на нашата компанија. Нашите решенија опфаќаат: Финансово работење – се’ што е поврзано со сметководството; пресметка на плати; автоматско книжење на влез, излез, плати, благајничко работење; основни средства, камати; автоматско составување завршни пресметки, бруто биланс, заклучни листови, ДДВ Аконтативна пријава… Материјално работење – целосна евиденција на залихи, продажба и промет, влез и излез на роба, магацини, продавници. Сите потребни извештаи за менаџментот. Програм за каси – работење во продавница/ресторан, влез и излез на роба, анализа на промет; може да работи засебно или со автоматска поврзаност со материјалното работење и финансовото работење. За ресторан – работа со маси, раздолжување по нормативи… Ресторанско работење со Android Tablet уреди.
    • Име на контакт лице:Гоце
    • Адреса:Васил Ѓоргов 34-1/3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:075356233
    • Телефон #:022401204
    • Факс #:022402273
    • Локација на мапа:Прикажи



    022401204

    корисничка поддршка